Најмалку 23 лица се убиени, а најмалку 134 други се повредени по масовниот руски напад со ракети и беспилотни летала врз Кијив во текот на ноќта на 17 јуни, пренесува Кијив Индипендент.
Националната полиција на Украина првично објави 15 мртви и 124 повредени во нападот, но министерот за внатрешни работи Игор Клименко подоцна го ревидираше бројот на жртви на 10. Државната служба за вонредни ситуации подоцна ја ажурираше бројката на 16 од 23 часот на 17 јули.
Клименко рече дека оперативните податоци може да се променат, бидејќи деловите од телата пронајдени за време на спасувачките операции понекогаш погрешно може да се сметаат за повеќе жртви.
На почетокот на 18 јуни, Државната служба за вонредни ситуации објави дека под урнатините се откриени повеќе тела, со што бројот на жртви во една станбена зграда се искачи на 18 убиени лица.
Вкупно дваесет и три лица беа убиени. Во масовниот руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев беа повредени уште 134 лица.
Во нападот, кој траеше речиси девет часа, московските сили лансираа голем број камикази дронови, како и крстосувачки и балистички ракети кон главниот град на Украина.
Д. Мишев