„Отворањето на оваа тема од страна на еден професор по теологија во Софија, Калин Јанакиев, кој бил дел од поклониците на верската служба што постоела во различни периоди во Руската црква во главниот бугарски град, укажува на низа согледувања за сите промени што настанувале постепено во неа и кои истата најпрвин ја гетоизирале, а потоа ѝ дале јасен субверзивен профил! За нас ова сведочење има посебна важност, што бара да се согледа колку се длабоки корените на билката на злонамерата која се обидел ја посади споменатиот Змеев на наше тло“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Игри на олтари: Како рускиот свештеник со шпионско досие работел против автокефалноста на МПЦ“
„Во текстот на авторот Георги Лозанов (Дојче Веле на бугарски) под наслов „Како руската црква во Софија се претвори во про-путиновско гето“, се анализира дел од хронологијата на постоењето на оваа црква на бугарско тло. Истата е таму надвор од канонските правила (се смета за екстериторијална во однос на црквата – домаќин!), помина низ скандалот на изгон на многу бугарски верници од нејзините простори (!), за што имало и реакции во локалниот печат, а потоа станува центар од каде се „стрела“ кон напорите на МПЦ да се стекне со рамноправна позиција во однос на другите православни цркви.
Според проф. Јанакиев, тоа бил храм каде што на времето доаѓале верници од сите нации, сѐ до 1998 година, кога свештеникот Сергеј Трухачев, кој бил омилен, ама е заменет, како што вели сведокот, со „свештеници со посебни намени“.
Отецот Сергеј бил заменет од Александар Крјагин, кој веќе покажувал интерес да создава комуникации со многу луѓе од јавниот живот, со бугарската олигархија, како што вели тој.
Штом Путин доаѓа на власт, испратен е нов раководител на црквата – отец Исидор кој бил арогантен и започнал да дава забелешки за сите бугарски свештеници во црквата, а за нивни јавни изјави, сметал дека требало да минат низ неговиот филтер. Набргу и тој бил сменет, а по него дошол отец Филип Василцев, кој бил уште полош во односот кон локалните свештеници и верниците, а започнал и со етничка чистка во однос на оние кои треба да го минат прагот на црквата, што предизвикало скандал по медиумите.
Останале само најзакоравените путинисти, вели професорот Јанакиев, а храмот станал штаб за посебни, како што вели тој – субверзивни активности.
„И не само во Бугарија, туку и во Северна Македонија“, јасно додава Калин“, пишува Костовски.
ИГРИ ЗАД ОЛТАРОТ: Како рускиот свештеник со шпионско досие работел против автокефалноста на МПЦ