• Latest
Воени злосторства во Кијивска област, фото: Зохра Бернсемра, Ројтерс

Буча, Ирпин, Гостомел: Злосторства на руските војници, за кои треба да знае целиот свет

April 6, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Буча, Ирпин, Гостомел: Злосторства на руските војници, за кои треба да знае целиот свет

April 6, 2022 12:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Воени злосторства во Кијивска област, фото: Зохра Бернсемра, Ројтерс

Воени злосторства во Кијивска област, фото: Зохра Бернсемра, Ројтерс

Share on FacebookShare on Twitter

ДАРИЈА ЃОРЃИЕВСКА

На 2 април добивме добра вест: Кијивската област беше целосно ослободена од руските окупатори. Во тоа време, Украина се радуваше затоа што сè уште не ги беше видела страшните злосторства против човештвото извршени од страна на руската армија во предградијата на Кијив – гратчињата Буча, Гостомел и Ирпин, кои го задржуваа непријателот на пристапот кон главниот град уште од првиот ден на војната. Деновиве, светот крикна од ужас: фотографиите од улиците на територијата ослободена од окупаторите личат на снимка од хорор филм.

До неодамна, патишта на пријатни и просперитетни градови, денес се преполни со тела на загинати украински граѓани: тие не се војници – тоа се невооружени жени, деца, стари лица и мажи кои окупаторите ги измачувале, силувале, запалиле и убиле. На многумина од нив рацете им се врзани зад грб, а биле застрелани во задниот дел од главата – „братскиот“ народ на Русија безмилосно и со задоволство уништува цивили.

Советникот на шефот на Канцеларијата на Претседателот на Украина, Михајло Подољак, пишува:

„На улиците лежат тела на луѓе со врзани раце кои биле застрелани од руски војници. Овие луѓе не биле војници. Тие немале оружје. Тие не претставувале закана. Уште колку такви случаи се случуваат токму во моментов на окупираните територии?“

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, известува за уште пошокантни факти за злосторства против човештвото. Според неговите зборови, во градот е пронајдена „братска“ гробница – масовно погребување на најмалку 280 цивили на Буча, а на една од уништените улици – околу 20 тела на убиени мажи во цивилна облека. Сателитската снимка направена од компанијата Maxar Technologies потврдува дека ровот за масовно погребување се појавил уште на 10 март, две недели откако руската армија ја нападна Украина.

Украинските војници, кои го расчистуваат и деминираат градот Буча, исто така забележала простории опремени за мачење.

„Во едната соба луѓето ги малтретирале, а во другата – ги стрелале“ – раскажуваат очевидци.

На 20 километри од Кијив, покрај пат, пронајдени се тела на три лица: две голи жени и еден маж кои руските нацисти се обиделе да ги запалат на лице место. Фотографот Михајло Палинчак, авторот на морничавите снимки кои го обиколија целиот свет, пишува:

„Емотивно е многу тежок ден. Осакатени тела, уништени животи и судбини. Континуираното страдање на луѓето кои не сакаа војна, бегале од војната, но не успеаја. Немам сили во моментов да покажам повеќе од една фотографија.

Мртви цивили на страната на патот на 20 км од Кијив, Кијивската област, Украина, на 2 април 2022 година. Под ќебето еден маж и 2-3 мртви голи жени, сите заедно се обиделе да ги запалат покрај патот.“

Окупаторите не ги поштедија дури ни децата. Украинскиот бизнисмен Гарик Корогодскиј, кој се занимава со испорака на хуманитарна помош за Буча, ги објави следните зборови на Фејсбук:

„А сега побараа да не испраќаме храна за деца. Деца нема. Скоро сите ги убија“.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги смета злосторствата на руските војници во Буча намерни и го повикува светот да не го одложува новиот пакет остри санкции против Русија:

„Масакрот во Буча беше намерен. Русите се обидуваат да уништат што повеќе Украинци. Ние мораме да ги запреме и да ги избркаме. Барам веднаш нови деструктивни санкции на Г7: ембарго на нафта, гас, јаглен; затворање на сите пристаништа за руските бродови и стоки; исклучување на сите руски банки од SWIFT.“

Градоначалникот на соседниот град на Буча, Ирпин, Олександр Маркушин известува за најмалку 300 цивилни граѓани убиени од рацете на окупаторите:

„Луѓето кои не им се допаднаа едноставно ги застрелуваа. Ќе раскажам, можеби некому нема да му се допадне, но тоа е вистината. Нашите Украинци кои беа убиени, ги згмечија со тенкови и едноставно ги размачкаа по асфалтот. Беше страшно да се гледа на тоа“.

Ситуацијата во градот Гостомел не е многу поинаква. На страната на патиштата на сите овие градови има застрелани и згмечени од тенкови цивилни автомобили со тела на луѓе кои се обиделе самостално да се евакуираат. Бројот на загинати се утврдува.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, реагираше на „трагедијата во Буча“ со цврсто ветување дека ќе ги казни сите инволвирани во неа и другите воени злосторства во Украина:

„Светот веќе виде многу воени злосторства. Во различни времиња. На различни континенти. Но, време е да се направи се што е можно за воените злосторства на руската војска да бидат последна манифестација на такво зло на земјата. Секој виновен за такви злосторства ќе биде запишан во посебна Книга на џелати. Ќе биде пронајден и казнет.“

Светските политичари веќе реагираа на страшните настани во предградијата на Кијив: особено, Министерката за надворешни работи на Велика Британија Лиз Трас беше „шокирана од злосторствата во Буча и другите градови на Украина“ и вети дека ќе ги изведе сторителите пред лицето на правдата, а Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел најави нови санкции против Русија.

Денес им се придружи и францускиот Претседател Емануел Макрон, кој фотографиите од ослободените градови ги нарече „неподносливи“ и вети дека ќе ги зајакне санкциите против РФ, а Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон рече:

„Ќе направам сè што можам за да ја изгладнам воената машина на Путин.“

Овие настани засекогаш ќе бидат врежани во срцето на секој Украинец – раните на Буча, Ирпин, Мариупол, Чернигив, Харкив и другите градови херои ќе не болат секој ден. Секој кој бил вклучен во извршување на нехумани злосторства против населението на Украина мора да биде пронајден и казнет во согласност со сета строгост на законот.


Авторката е новинарка, бегалка од Украина. Дозволено е преземање на текстот, според лиценцата Creative Commons 4.0 (со наведување на изворот).

Линк до фотографии (предупредување: вознемирувачка содржина)

Линк до видео (предупредување: вознемирувачка содржина)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ