• Latest
Зоран Заев, Бојко Борисов/ Фото МИА

Бугарија предупреди дека нивната поддршка на РСМ во ЕУ не е безусловна

October 1, 2019

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарија предупреди дека нивната поддршка на РСМ во ЕУ не е безусловна

October 1, 2019 08:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Зоран Заев, Бојко Борисов/ Фото МИА

Зоран Заев, Бојко Борисов/ Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 15 октомври на кој се очекува да се донесе јасна и суштинска одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, официјална Софија вчера до Скопје испорача предупредување дека бугарската поддршка за нашата земја не треба да биде безусловна.

Разликите во изнесените ставови на претседателот Румен Радев и на премиерот Бојко Борисов е во тајмингот кога да бидат поставени условите – првиот инсистира тоа да се направи на самиот почеток од преговарачкиот процес, а вториот дека тоа може да се стори во текот на процесот за време на кој на Бугарија и се располагање 71 инструмент во преговорите по поглавјата.

На консултативната средба, која на иницијатива на Радев се одржа вчера во бугарската престолнина, на која присуствуваа премиерот Борисов, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а на која се разгледувале односите на Бугарија со Северна Македонија во контекст на евентуална одлука на ЕУ за почеток на преговори со официјално Скопје, според бугарскиот претседател, била постигната принципиелна согласност дека е потребно итно дејствување за да се изгради национален став со јасни барања и критериуми, кои ќе ги заштитат бугарските национални интереси.

Радев смета дека треба да бидат поставени „црвени линии“ кои ќе гарантираат дека европската интеграција на Република Северна Македонија нема да биде на сметка на употребата на бугарската историја, јазик и идентитет. Тој оценува дека е потребно на самиот почеток на преговарачкиот процес отворено да бидат поставени услови, од кои ќе зависи преминувањето во следната етапа од преговарачкиот процес.

„Една таква отворена, фер и конструктивна позиција не само што ќе го заштити бугарскиот национален интерес, туку ќе биде од корист и за ЕУ, затоа што нема да дозволи внесување на меѓусоседски проблеми во европското семејство и ќе ја покаже зрелоста и одговорноста на Бугарија за стабилноста на Унијата. Исто така, ќе биде од особена корист за самата Република Северна Македонија, бидејќи јасно ќе воведе европски критериуми и одржливост на процесот на европска интеграција“, рече бугарскиот претседател.

Бугарскиот премиер Борисов, пак, по средбата истакна дека секогаш истакнувале дека Северна Македонија може да смета на Софија за ЕУ, но никогаш не кажале дека безусловно го поддржуваат нејзиниот прием.

„До вчера велевме дека сме братски народи, нека не продолжува братоубиствената војна од пропагандата во Скопје зашто ние поблизок народ и луѓе немаме. Да ја запреме Северна Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе биде запишано во историјата дека сите 27 земји ги поддржале, а само Бугарија ги запрела. Ние сакаме и Албанија да оди заедно со Северна Македонија. Но, никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме влезот во ЕУ. Имаме на располагање 71 инструмент во преговорите по поглавјата. Да не си играат со историјата и минатотото и да се концентираат на иднината“, кажа Борисов.

Премиерот Зоран Заев, пак, на вчерашната прес-конференцијата во Владата одговорајќи на новинарско прашање за позицијата на Софија кон евроиинтеграцијата на земјава изјави дека верува дека нема потреба за загриженост по алармот и пораките што се испраќаат од Бугарија, и дека е можно брзо да се најде решение на отворените прашања со бугарската страна.

„Ние потпишавме договор во кој прифативме дека имаме заедничка историја, а секако дел од историјата ни е посебна на двете земји, и во тој дух јас верувам дека комисиите ќе изнајдат решение…Комисијата е стручна и е направена за да ги дефинира работите. Нашите укажувања се да преземат храбри чекори, засновани на фактите и на вистината. Фактите и вистината се јасни и апелираме да се изнајде решение и верувам дека не е доволно само нашата страна да има волја за тоа, треба и страната од Бугарија“, рече Заев.

Тој верува дека и ова поглавје од историјата ќе биде надминато и информираше дека до сега се решени четири историски периоди со шест или седум значајни личности кои заедно ги чествуваме дел од тие периоди.

„Политички покажавме и со договорот дека сме за соработка со Бугарија и продолжуваме во тој правец. Верувам дека и ова поглавје од историјата за кое се разговара ќе биде надминато. Целта ни е да го зајакнеме пријателството и добрососедството. Очекувам дека ќе биде најдено решение. Бугарија е еден од нашите најсилни поддржувачи во ЕУ, а верувам дека тоа ќе го покаже и со одлуката за добивање датум за преговори по 15 години кандидатски статус. Верувам дека нема потреба за загриженост, го примаме алармот и пораките што се испраќаат од Бугарија. Веќе работиме со комисиите, ќе имаме состаноци и ќе укажеме со конечна цел двете страни да бидат среќни и задоволни при постигнувањето на тоа решение“, изјаво премиерот Заев.


Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ