• Latest
Добро утро со Орданоски

Бугарија во челустите на сопствената политика (само за 18+)

November 30, 2020
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Бугарија во челустите на сопствената политика (само за 18+)

November 30, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Со оглед на последниот бараж од навреди што за викендов ни ги испорача Софија (Борисов, имено, во интервју за германски ФАЦ, тврди дека бугарските комунисти и сталинистичка Москва ги претворале овдешните Бугари во Македонци и сл.), се чини дека наскоро може да се очекува решавачки пробив по прашањето на започнувањето на македонските преговори со ЕУ во декември.

Така си оди тоа на Балканот: соседите до крај мораат да ве омаловажат, пред да ви ја отворат вратата на надежта. Оние што го познаваат Бојко ќе ви кажат дека човекот од историјата има познавања, а уште помалку интерес, ни колку за на бумбар да му врзеш ѕвонец на вратот, ама такви некои времиња се дојдени, Борисов очајнички се бори за својот политички опстанок во Бугарија, па единственото што му се чини математички „опционално“ е да му направи домашно-политички ќеиф на Каракачанов, што значи дека мора малку и тој да се вклучи во општото „вреѓање“ на Македонците, пред да даде „благослов“, како „утешна награда“, за наш почеток на преговорите.

Мизерен е тој пристап, но врз тоа ние малку можеме да влијаеме. Борисов, сепак, не е Ципрас. Багажот во прашање.

Со тоа ќе се заокружи и оваа мачна фаза на патот на македонската интеграција во ЕУ, во тунелот во кој на крајот се наѕира некакво светло. Какво е тоа светло уште точно не знаеме, но сигурно е дека „европскиот“ тунел што допрва треба да го изодиме е прилично долг.

Во таква наметната ситуација, нашата евро-атлантска интегративна стратегија би можела да се опише како избор помеѓу „змија да те апне или магаре да ти го бапне“. Таа стратегија – една од доминантните во историјата на политиката откога е светот и векот, а на Балканот и пред тоа – ја наметнува нуждата, а не правото на достоинствен избор. Сепак, во теоријата на игри, таа има свое оправдување.

Имено, шансите да преживеете ако „змија ве апне“ се 50-50: можеби ќе останете жив, а можеби и не. Од друга страна, „магаре ако ви го бапне“, шансите да останете жив се неспоредливо поголеми! Иако ќе ви треба подолго време да се справите со проблемот на исправено седење на рамни површини. Помагаат разни перничиња, гелови, масажи и тешења, за што во „колонијалниот“ резон на ЕУ има детални прирачници и штедри фондови.

Во една таква равенка нема лесни решенија, но секој одговорен политичар, кој ѝ мисли добро на нацијата, би го одбрал магарето. Во случајов, бугарско. Оние политичари, пак, на кои сопствената кариера им е поважна, ја бираат змијата и го убедуваат народот дека отровот не мора да е смртоносен: имало разни змии, имало разни противотрови, па може отровот и да се исшмука пред да стане смртоносен итн… Не умри магаре (македонско) до зелена трева.

„Магарешката“ стратегија за опстанок на нацијата, додуша, е многу помалку политички потентна (!), од херојските наративи за давењето на змиите, особено кога некој друг мора да ја донесе одлуката! „Змиската“ стратегија во последните неколку децении беше омилениот избор на речиси сите македонски политичари, а некои со помош на дозирањето на „отровот“ владееја по неколку мандати со ред: секогаш кога идентитетот некој ќе го доведеше во прашање, змискиот наратив им беше јуначки, а националните последици магарешки. Дури, би можело да се тврди, стратегијата на „змијата“ преовладуваше и кога за низа внатрешни и надворешно-политички прашања „гаќите“ веќе ни беа паднати.

И, кога за првпат „змиската“ стратегија со Грците ја сменивме со „магарешка“, станавме членки на НАТО. Од „змијарникот“ отровно тврдеа дека е тоа тотална пропаст, крајно идентитетско разнебитување и целосна „магарешка“ национална катастрофа!

За сега да дојдат Бугарите и да бараат да ни земат сè од ништото што ни остана.

А, всушност, смислата на нашето евро-атлантско интегрирање е идните генерации граѓани во Македонија да бидат што поретко принудувани да го прават изборот од животинскиот свет пред кој е исправена овдешната политика.

Ни змија, ни магаре – е идеалот кон кој се стремиме. До тогаш, изборот е меѓу змијата и магарето. Во тој избор, она што не ве убива, ве прави посилен. Токму како што ќе биде и кога ќе помине оваа балканска, тра-ла-ла фаза од бугарско-бугарските внатрешно-политички односи, во кои на Македонија несреќно ѝ е доделена клучната епизодна улога.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ