Во врска со изјавата на Конгресменката Клаудија Тени, дадена во интервју за „Гласот на Америка“, во која вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија оти не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија, Цивил Медиа се обрати за коментар до Бугарската амбасада во Скопје.
Од Амбасадата изјавија дека сеуште го немаат видено интервјуто и не се запознаени со изјавата на конгресменката , по што не упатија за коментар да се обратиме преку официјалниот меил на амбасадата, што Цивил Медиа и го стори.
Во одговорот што го добивме од амбасадата по меил, не упатија за понатамошни информации да го контактираме прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.