До редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА пристигна видео од затвореници во КПД Штип, каде што започнал бунт околу 16 часот попладнево. Според сведоштвата на неколку затвореници, тие се затворени во една мала просторија, под казна, затоа што кај нив се откриени мобилни телефони.
Затворениците се жалат дека затворскиот персонал ги малтретира и има селективен пристап кон различни затвореници. Тие сведочат дека нивните права грубо се кршат. Семејствата на затворените лица веќе повикале свои адвокати, но во моментот на објава на овој извештај (20:15 часот), ним не им се дозволува влез во затворот.
Според информациите од соработничката мрежа на ЦИВИЛ, локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ веднаш се впуштиле во мобилизација на локалните медиуми и на социјалните мрежи.
ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува итен апел до затворските власти веднаш да преземат мерки за смирување на ситуацијата и да ги почитуваат човековите права на лицата на издржување казна затвор во установата. Воедно, ЦИВИЛ апелира до Министерството за правда и Управата за извршување санкции да преземат итни чекори за подобрување на затворските услови и третманот на лицата што се на издржување на затворски казни. Воедно, ЦИВИЛ апелира до политичките субјекти да не ја политизираат состојбата.
Џ. Дерала
Преземањето на содржините не е дозволено, без писмена дозвола од ЦИВИЛ.