Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на денешната владина седница ги информирал министрите за извештајот за работа и средбата што вчера ја имаше со замениците министри. При тоа, како што јави дописникот на МИА од Приштина, тој побарал од министрите да им најдат што повеќе работа на нивните заменици.
– Одржав средба со замениците министри. Мнозинството покажаа висок степен на сериозност во работата, изјави Харадинај, повикувајќи ги министрите „да се координираат повеќе за работите во текот на неделата“.
Според него, од таквата пракса можат да се извлечат многу позитивни ефекти.
– Иако станува збор за една таква бројка, вкупно 74, оправданоста може да се аргументира доколку им се најде работа. Би ве замолил да им давате работа, им рече Харадинај на министрите.
Владата на Харадинај добива остри критики од опозицијата и јавноста поради големиот број заменици министри, а неофицијално се зборува дека намалување на бројката побарале и амбасадите на САД и Европската унија