Министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски има намера да разговара за иднината на Радио Слободна Европа со министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесува дневниот весник Млада фронта Днес.
Во интерес на Европа е неговото емитување да продолжи, рече тој во програмата Прашања на Вацлав Моравец на Чешката телевизија.
„Кога би завршила, би било многу тешко некогаш да се обнови“, рече тоj pо вчерашната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине финансирањето на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Јан Липавски денеска изјави дека затворањето на ова радио, што беше светилник на независни информации за Чесите и Словаците за време на Студената војна, ќе биде загуба за сите луѓе кои веруваат во демократија.
🔹 Rádio Svobodná Evropa je jedním z mála důvěryhodných zdrojů v diktaturách, jako je Írán, Bělorusko nebo Afghánistán. Zítra na Radě ministrů zahraničí budu s kolegy řešit, jak jeho vysílání alespoň částečně udržet.
— Jan Lipavský (@JanLipavsky) March 16, 2025
„КРадио Слободна Европа е еден од ретките веродостојни извори во диктатурите како Иран, Белорусија или Авганистан. Утре на Советот на министри за надворешни работи, јас и моите колеги ќе разговараме како барем делумно да го одржиме неговото емитување, мапиша министерот Липевски на Х.
Прага размислува како да ја спаси од затворање култната радио станица, во која се заолниле некои од најистакнатите чешки интелектуалци за време на комунистичкиот режим. Чешката дипломатија гледа три можности да ја спаси Слободна Европа од затворање: државата да ја кофинансира програмата, европските земји и Канада да се здружат да го преземат радиото од САД и да го финансираат, или да се најдат приватни финансиери.
Чешките коментатори апелираат до Европската унија, а особено до нејзините источноевропски членки, сега да го вратат моралниот долг кон радиото од времето на Студената војна.
Чешките медиуми предупредуваат дека Радио Слободна Европа е вредно и поради широката мрежа на контакти на неговите новинари во земјите каде што ја емитува програмата и каде што независните новинари не можат слободно да работат.
М. Д.