• Latest

Честитки, и аирлија работа, Претседателе!

May 12, 2019

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Честитки, и аирлија работа, Претседателе!

May 12, 2019 18:35
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска имаме нов претседател на државата и на нацијата. Не знам како се честита за претседател, дали му се честита на претседателот што станал претседател, или да ни честитам нам, граѓаните на Република Северна Македонија. Сеедно, честитки, до претседателот Стево Пендаровски, и  до сите граѓани во земјата.

Пишува: Дијана Тахири

Што се очекува од новиот претседател на државата? Не во смисла на неговите ингеренции и должности што му припаѓаат со новата позиција на врвот на државата, туку во смисла на тоа што ќе треба да направи за граѓаните конечно, по 15 години да ја доживуваат институцијата „Претседател“ како покровител и заштитник на сите граѓани во земјава. Нешто што по претседателствувањето на Борис Трајковски, се претвори во применета институција, за лични амбиции, како што беше во случајот на Бранко Црвенковски, кого „буба не го лазеше“ за ништо друго освен што уживаше во своето кариерно достигнување додека го „одработи“ својот мандат, и следните десет години таа институција да биде огниште на еден човек востоличен и управуван  од партија.  За Ѓорге Иванов ми е зборот, којшто  за тие десет години успеа да ја руинира и да ја претвори во една срамно, неетичко, горчливо, напати смешно, неспретно и гротескно претставување на цела нација во и вон земјата. Но, за него е веќе доста кажано, дури и премногу. Од денеска се очекува промена во таа смисла, и во многу други.

Господинот Пендаровски звучи добро, умерено, и свесно, кога зборува за своите цели во неговото ново патешествие наречено претседателствување со државата. Толку добро звучи, што ти е криво што нема можности да се изгласа два пати одеднаш. Секако, за тие што можеа да гласаат, бидејќи истата Државна Изборна Комисија што му го даде вчера уверението дека е изгласан за претседател на државата, не успеа да го среди Избирачкиот список, и да ни овозможи на сите граѓани да гласаме. Можеби претседателот Пендаровски ќе имаше уште повеќе гласови уште во првиот круг на гласање. А можеби и не. Којзнае… со ваков избирачки список и Изборен законик, ќе биде вака. Никогаш нема да се знае точно.

Од досегашните пораки и говори на новиот претседател, јас само можам да ги поздравам неговата одлучност (за сега декларативна) и решеност да работи како што треба. Имаше доволно  време, и имаше од кого  да учи како не треба, а за да правиш како треба, најдобро се учи  како не треба. Би било добро кога не би ги спомнувал толку често и другите етнички заедници во РСМ, како предмет на неговата понатамошна заложба за опфатност, бидејќи со тоа се става во ист ранг со политичарите што ги употребуваат тие други етнички заедници за дневнополитички цели и (за жал) се уште добитни поени кај поединци. Доколку се задржи на своите планови, и не дозволи партијата да го стави под свое, и да игра како му свират, ќе биде доволно. Мислам дека е доволно свесен дека, колку и да е сведена на симболика и почесна титула, институцијата Претседател, сепак, има каде и кога можа да придонесе, секако позитивно и исправно, со свои непристрасни ставови и одлуки, внатре во земјата, а уште повеќе вон неа.

Како граѓанка на Република Северна Македонија, овој пат сакав да можам да гласам, но тоа не беше можно, заради мојот се уште несреден статус на место на живеење во личните исправи, овој пат. Сакав да можам да гласам, иако не бев сигурна дали ќе заокружев некој од кандидатите или ќе дадев мој предлог за некој непостоечки кандидат на листата. Сакав да можам да гласам. Вака, по не знам кој пат, мене, како граѓанка на РСМ,  во собрание ме претставуваат луѓе што немав можност да ги гласам или да не ги гласам, да ми биде премиер личност којашто немав можност да ја гласам или да не ја гласам, и сега, да ми биде претседател личност којашто немав можност да ја гласам или да не ја гласам. И на тој Претседател, јас денеска му честитам што ќе ми биде, и што ќе ни биде претседател во следните пет години.

Господине Претседател, ако сакате да бидете вистински  „татко“ на нацијата, пред се, бидете ни достапен, услужлив, со начулени уши, залагајте се за сите еднакво, а највеќе за тие што не можеа да гласаат, бидејќи ние ќе ве плаќаме, како што е законот, до крајот на вашиот живот.

Да ни поживеете долго, и да не служите како ние вас.

Честитки, и аирлија работа, Претседателе!

 

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share82Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ