• Latest

Четири вработени во ДИК и сопственик на правно лице под истрага на ОЈО за злоупотреби при јавни набавки

November 5, 2020

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Четири вработени во ДИК и сопственик на правно лице под истрага на ОЈО за злоупотреби при јавни набавки

November 5, 2020 11:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство за гоненење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки“, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице.

Од Обвинителство информираа дека по спроведена севкупна предистражна постапка, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице, информираат од таму.

„Во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната изборна комисија, осомничените како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека исто така, не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот, како и да утврдат дека Извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на Правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка.

„Воедно, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка била направена во консултации со учесник во постапката, спротивно од Законот за јавни набавки, со што за две правни лица била прибавена корист – право да учествуваат во постапката за јавна набавка и да склучат договор за истата“, се вели во соопштението од ОЈО.

Според обвинителството, со извршените дејствија е овозможено правните лица да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 899.999,00 денари (околу 14.600 евра), како и износ од 349.500,00 денари (околу 5.700 евра).

Обвинителството додава дека заради непречено водење на кривичната постапка, надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје, согласно член 146 ст.1 т.1, 2, 3 и 7 од Законот за кривична постапка, поднесе предлог за определување на следните мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забарана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​

Инаку, во времето кога требаше да се објават конечната излезност на предвремените парламентарни избори на 15 јули, како и првичните резултати, падна сајтот на ДИК на кој се објавуваат изборните резултати, а најчитаниот агрегатор на вести во земјава time.mk, кој ги пренесуваше резултатите исто така беше под сајбер напад. Повеќе денови ниту новинарите, ниту граѓаните можеа навремено да се информираат за изборните резултати.

Две недели подоцна, на 28 јули во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), по допрен глас, влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за да утврди дали имало кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција. При извршениот претрес е одземена тендерската документација, со која требаше да се утврди дали се почитувани законските постапки при изборот на фирмата која ја изработила апликацијата за следење на изборните резултати.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ