• Latest
Сеад Кочан пред Судот

Четири години и осум месеци затвор за Кочан, условна за Авировиќ

March 11, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Четири години и осум месеци затвор за Кочан, условна за Авировиќ

March 11, 2019 13:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Сеад Кочан пред Судот

Сеад Кочан пред Судот

Share on FacebookShare on Twitter

Бизнисменот Сеад Кочан доби казна затвор од 4,8 години, а Василије Авировиќ наместо ефективен затвор доби условна казна. Кривичниот совет судии на Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичниот суд за предметот на Специјалното јавно обвинителство со кодно име „Труст“.

Казната на Кочан ја намали од 6 на 4,8 години, а на Авировиќ од три години – во условна казна.

Епилогот за Авировиќ следува откако лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои за кривичното дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство, предвидената казна беше намалена од 5 на 4 години. Апелацискиот суд му ја ублажил казната од 3 на 2 години, што дозволува да му биде изречена условна осуда.

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст“ , по одржана јавна седница,  донесе пресуда со која жалбите на обвинетите С. К. од С. и В. А. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот С. К. го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци, а на обвинетиот В. А. му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од 2 (две) години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 (пет) години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“, пишува во соопштнието на скопска Апелација.

Првото рочиште за случајот се одржа на 7 ноември 2017 година, а обвинетите пресудата ја слушнаа на 20 јули 2018 година. Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска го ослободи од обвинение третообвинетиот Сафет Ветиќ, затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.

М. И.

Share43TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ