• Latest
27 април 2017

Четири години по крвавиот 27 април – осудени тепачите, амнестирани водачите, избегани/слободни организаторите…

April 27, 2021
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Четири години по крвавиот 27 април – осудени тепачите, амнестирани водачите, избегани/слободни организаторите…

April 27, 2021 14:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
27 април 2017

27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter

Четири години од крвавите настани во Собранието каде беа повредени пратеници, новинари, сниматели… По тој настан, осудени се неколку лица, амнестирани се лидерите на протестите „За заедничка Македонија“ и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја отворија вратата за да влезе толпата во Собрание. Но, организаторите се сè уште на слобода. Обвинети во случајот за организација на „27 април“ се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Во истрагата за овој предмет беа опфатени и бившиот премиер, Никола Груевски и ексразузнавачот од УБК, Никола Бошковски, меѓутоа и двајцата избегаа од државата. За нив е поднесен обвинителниот акт, но постапката ќе продолжи кога тие ќе бидат достапни на органите.

Вечерта на 27 април 2017 година речиси никој не беше рамнодушен на случувањата во Собранието… По нападот, актуелниот премиер Зоран Заев, тогаш како опозиционер најави дека ќе има одговорност за секој што учествувал во насилството. И тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски веднаш ги повика институциите да направат брза и ефикасна истрага, да ги откријат виновниците, да обезбедат докази и да ги изведат пред суд. Но, четири години подоцна, бегалецот Груевски од Будимпешта ги поддржа протестите кои се одржаа пред два дена за ослободување на насилниците, односно таканаречените „уставобранители“.

Четири години подоцна правдата ги пристигна само 16 луѓе кои првично беа осудени на затворски казни од над десет години или вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”, но, во февруари оваа година Апелација им ја намали казната од една до две години, или вкупно 188 години затвор за 16 осудени за крвавиот „27 април“.

Правосилната пресуда на Апелација за секој од осудените е следна: Митко Чавков – намалување на казната од 18 на 16 години затвор, Митко Пешов од 15 на 13 години затвор, Душко Лазаров од 15 на 13 години затвор, Горан Ѓошевски Леви од 15 на 13 години затвор, Оливер Поповски од 13 на 11 години затвор, Оливер Радулов од 10 на 9 години затвор, Мунир Пепиќ од 15 на 13 години затвор, Абдуљфета Алими од 7 на 6 години затвор, Младен Додевски од 12 на 11 години затвор, Јане Ченто од 15 на 13 години затвор, Горанче Анѓеловски од 12 на 11 години затвор, Игор Југ од 12 на 11 години затвор, Влатко Трајковски од 15 на 14 години затвор, Вилијам Михајловски од 14 на 13 години затвор, Никола Митревски – Кољо од 15 на 14 години затвор и Александар Василевски – Нинџа од 8 на 7 години затвор.

Во овој предмет, покрај сега правосилно осудените, беа опфатени уште 15 лица. Меѓутоа, тие добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието во декември 2018 година.

Амнестијата ги опфати петтемина пратеници: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, од кои првите тројца потоа гласаа и за уставните измени, односно за промена на името. Амнестирани беа и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен и Владо Јовановски.

Игор Дурловски, кој беше во оваа група, воопшто и не побара амнестија, но доби ослободителна пресуда.

Со амнестијата се спасија и браќата Стефан и Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Илија Славески и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

Покрај 15 обвинети, амнестирани беа уште 10 други лица опфатени во помалите предмети кои се однесуваа на учество во толпа.

Дали правдата ќе ги стигне организаторите на „27 април“?

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ