Четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот што денеска избувна над езерото „Младост“.
– Се разговара со лицата и тие ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат за МИА од СВР Велес.
Противпожарната бригада на Град Скопје излезе во пресрет на барањето на Општина Велес и помогна во гаснењето на пожарот кај Велешко езеро.