Најмалку четири лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати откако потона ферибот кај туристичкиот остров Бали во Индонезија, соопштија спасувачите, пренесува Би-би-си.
Бродот превезувал 53 патници и 12 членови на екипажот кога потонал во 23:20 часот по локално време (15:35 GMT) во среда, додека бил на пат кон Бали од Банјуванги на источниот брег на островот Јава, соопшти канцеларијата на Националната агенција за пребарување и спасување во Сурабаја.
Триесет и еден преживеан е спасен, вели агенцијата, додека потрагата продолжува.
Властите ја истражуваат причината за потонувањето. Операторот на фериботот пријавил проблем со моторот кратко пред да потоне, додека еден официјален претставник изјави дека причината е „лошото време“, според локалните медиуми.
Д. Мишев