Со опрема и задача да откријат како, кога и зошто избувнал пожарот во модуларната болница во Тетово и однесе 14 човечки животи, денеска од Германија во Тетово пристигна четворица форензичари. Во опожарениот објект се трага по причините, а четворицата форензичари од Германија од 9 часот изутрина го прекопуваат опожареното место и премеруваат. Двајца од нив се форензичари за истрага на пожар, а двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот, пренесува ТВ Телма.
Експертскиот тим е дел од Сојузната криминалистичка полиција која работи на национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој, а ги покани владата. Доаѓањето на странската стручна помош отвори многу правни дилеми и ги загрижи познавачите на правото откако владата најави дека кани експерти.
Според законот за кривична постапка, единствено обвинителството може да побара вештачење од странство ако таков експерт или институција не постои во земјата.
Според јавното обвинителство постапката е запазена, и не Владата, туку тие ги ангажирале експертите од странство.