• Latest

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на балканскиот рис

June 11, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на балканскиот рис

June 11, 2021 11:35
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Иако се смета за национален симбол и се наоѓа на монетите, балканскиот рис освен декларативно, всушност не се штити од страна на државата. За да постигнеме заштита, потребно е да се заштитат подрачјата во кои живее, се движи и размножува, со фокус на националниот парк Маврово. Препораките на Бернската конвенција ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на Балканскиот рис. За жал, националниот парк Маврово сè уште не е репрогласен и нема закон, а со тоа нема ни мерки за заштита и план за управување, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во Светскиот фонд за природата (ВВФ) и извршна директорка на Еко-свест, по повод  светскиот ден на заштита на рисот.

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат мерки за да се заштити доколку сакаме да опстои во Република Северна Македонија. Тој се наоѓа на „црвената листа“ и според последните истражувања иако има мал пораст на неговата популација, ризиците за неговото преживување остануваат големи.

–  Дополнително, државата нема усвоено стратегија за заштита на балканскиот рис која била подготвена пред повеќе години, но за нејзиното спроведување се неопходни финансиски средства кои не се доделуваат. Фактот што државата не двои финансии за нашите заштитени подрачја при што истите се приморани приходите да ги остваруваат со сеча на шумата е алармантно и неприфатливо, потенцираше Чоловиќ Лешоска.

Според „црвената листа“, балканскиот рис е распространет во западните делови на земјата, по границата со Албанија. Опсегот на распространување му се движи од Шар Планина, на северозапад, па сè до Националниот парк „Галичица“, на југозапад. Живеалиштата се во листопадни и фрагментирани шуми, како и шибјаци. Во летниот период повремено се движи и по високо планинските пасишта. Тој се храни најмногу со срни, поретко со диви зајаци, дивокози, куни и лисици, а понекогаш и со диви свињи.

Леглото на рисот може да има од едно до пет младенчиња, во просек од две до три. Новороденче рис тежи околу 300 грама. На три месеци, младенчињата почнуваат да ја следат мајката надвор од дувлото за да јадат месо од нејзиниот улов. На десет месеци, обично околу март или април, тие ги напуштаат своите мајки и започнуваат независен живот.

– Со самото тоа што популацијата на балканскиот рис се проценува на 32 зрели единки, постои огромна закана за истребување на ова критично загрозено, но харизматично животно. Освен прогласување на заштитени подрачја, потребна е константна едукација на локалното население, но и истражување и мониторинг на балканскиот рис со цел да се утврдат бројноста, трендот, појавата во нови подрачја и да се врши следење со телеметрија. Македонското еколошко друштво има направено извонредни напори и постигнато големи успеси во мониторингот на балканскиот рис. Токму овие напори треба да се поддржат од државата и да се надградат со системска и интегрирана заштита на овој значаен вид, додаде Чоловиќ Лешоска.

Заканите за рисот се бројни, а вклучуваат криволов, вознемирување од страна на луѓето, изградба на голема инфраструктура и туристички центри, загуба на живеалиштата поради прекумерна и непланска сеча на шумите и фрагментација на истите, како и загуба на пленот на рисот, како последица на горенаведените појави.

Светскиот фонд за природа (ВВФ) го одбележува светскиот ден на заштита на рисот 11-ти јуни, и ги поканува сите љубители на дивото животно – рис да донираат за негова заштита со симболично „посвојување“ на рисот.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ