„Додека траеше пресот на СДСМ во прес-салата во Собранието не ни помислував дека може толпата да влезе внатре, а уште помалку дека ќе влезе да тепа, дека ќе сака да убие, дека сака крв, жртви, едноставно сакаа да има мртви луѓе, пратеници, сниматели, новинари… Тоа беше грозно, кога влегоа имаше едно стампедо од луѓе кои со сè и сешто фрлаа, мава по пратениците и по останатите“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Дамјан Чунихин кој на 27 април пред четири години беше во Собранието како хонорарно ангажиран снимател за Н1 телевизија.
Тој вели дека во тој момент само да се бранеле и се молеле да дојде полиција да ги спаси пратениците и новинарите и снимателите.
„Тоа беше многу грозно, ниту на најголемиот душман не би му го посакал тоа. Денес, посакувам никогаш да не се вратиме пред четири години, никогаш да не се повтори 27 април“,вели Чунихин.