Според универзитетската професорка Ана Чупеска, Северна македонија треба и понатаму да стреми и работи на патот кон ЕУ, особено во сега, во актуелните безбедносни светски состојби.
Чупеска во изјава за ЦИВИЛ Медиа посочува за актуелнитеи евентуалните предизвици во однос на пропагандата и дезинфмациите, за средбата помеѓу актуелниот премиер Ковачевски, лидеротна ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер Заев, и билатералната средба на Зечевиќ и Маричиќ со хомолозите од Република Косово, како и за значењето на престојниот Самит на лидерите на Запаен Балкан што деновиве ќе се одржи во Скопје.
„Во услови на глобални, регионални и национални безбедносни предизвици, најдобро за земјата е да не застранува од евроатлантскиот пат.
Иако во периодот што претстои, овде ќе сведочиме на сериознa пропагандна и дезинформативна радијација, која ќе мора да се пресретне соодветно и квалитетно“, вели Чупеска.
Чупеска смета дека средбите на тројцата политичари во земјава, како и билатералната во Приштина имаат за цел потврдување на европската перспектива.
„Во таа смисла, и двете средби сметам дека имаат за цел да ги засилат, вигоризираат и што е најважно : да ја осигураат европската перспектива на земјава…Слично, и доаѓањето на Џим О’Брајан и високите претставници од Брисел тука имаат иста цел. Имено, да се осигура европската перспектива на Македонија .“
Според Чупеска, претстојниот Самит на Западен Балкан остава за очекување какви активности и евентуални придобивки би донел на регионален план.
„Самитот на лидерите на Западен Балкан во недела во Скопје, ќе видиме што ќе ни донесе на регионален план, иако, важно е дека ќе биде во Скопје и дека повторно земјава е поволен локус за регионална политичка соработка.“, посочи Чупеска.
Д. Тахири