Во земјава, последните два месеца се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот, или познат како „Kawasaki-like“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК, д-р Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје. Едното дете било на осум, а другото на петгодишна возраст.
„Децата имаа исфрлување на кожата. По една недела оспипот се повлече, но сметам дека симптомите слични на Кавасаки болеста беа последица од контакт со новиот коронавирус, иако тие немаа класични симптоми на КОВИД-19“, вели д-р Софијанова која е задолжена да го координира Ургентниот центар на Детската клиника за деца суспектни на коронавирусот.
Децата се излекувани и веќе си се дома.
„Станува збор за редок синдром, за кој не се познати причините за заболување. Но, новите истражувања покажуваат дека коронавирусот би можел да биде еден од иницијаторите кои влијаат на негово појавување“, вели д-р Софијанова.
Децата кои биле примени на Детската клиника во Скопје ги немале досега вообичаените познати симптоми на КОВИД-19. Имале температура, но, не многу висока и немале наод на белите дробови. Едното дете било тестирано на коронавирус и тестот бил негативен.
Целиот текст на sdk.mk