• Latest

Д-р Гроздановска: „Астра Зенека“ е една од најбезбедните вакцини, нема потреба од паника

April 2, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Д-р Гроздановска: „Астра Зенека“ е една од најбезбедните вакцини, нема потреба од паника

April 2, 2021 15:08
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

„Астра Зенека“ претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација, изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Таа нагласи дека нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ и посочи дека само во Велика Британија има над 17 милиони дадени вакцини од оваа компанија.

– Најпрво беше препораката „Астра Зенека“ да не се дава кај постарата популација над 65, тоа беше во јануари некаде, оваа препорака потекна од таму што во клиничките испитувања што ги имаше оваа вакцина не беа вклучени доволен број на популација над 65 години и кога вие не вклучувате во клинички испитувања трудници или доилки или други категории, вие едноставно немате податоци за безбедноста и ефикасноста на таа вакцина кај во овој случај постарата популација. Но, вакцината почна да се дава и се виде дека има одличен безбедносен профил и таа препорака многу брзо прекина да важи и почна да се дава и кај постарата популација, појаснува Гроздановска.

Овие нови сознанија што се појавуваат последните десетина дена кои се темелат на бројките на тромбоични промени, односно несакани реакции што се случуваат се кај популацијата под 60 години и тоа, како што вели, потекнува од неколку држави.

– За „Астра Зенека“ на 15 март, 13 земји во Европа кратковремено прекинаа давање, се со цел да се разјасни оваа состојба. Почнувајќи од Норвешка, првите случаи беа таму, па во Данска, потоа пријави Австрија значи се од ваков тип на тромбоични промени кај популација помлада од 60 години. Германија во понеделникот излезе со јасен став дека бројот на инциденцата на појава на оваа состојба во однос на бројот на дадени дози претставува доволен алармантен сигнал за времено прекинување на давање на таа вакцина кај оваа популација, истакна Гроздановска.

Но, додава таа, кај истата таа популација, инциденцата на појава на овие заболувања, односно овие компликации е многу пати поголема кај популација која не е вакцинирана.

– Ние имаме популација која носи веќе предиспозиција за развој на такви заболувања. Во моментов, од денеска е најново дека сега препорачуваат само една доза од „Астра Зенека“ кај пациентите што ја примиле првата, а се во групата под 60 години, но токму оттука е нашата мала претпазливост, додека се расчисти оваа ситуација, се обративме до ЕМА, ЕМА имаше еден комитет за безбедност, мислам дека на нас воопшто не ни се пореметува планот бидејќи ние тргнавме со постарата популација. Тргнавме со 77 и „Астра Зенека“ сега ја даваме надоле, ќе дојдеме некаде до 65 и тука сме комплетно безбедни, нагласи Гроздановска.

Таа појасни дека ист модел на дизајнирање на вакцината претставува и „Астра Зенека“ и „Спутник В“, тоа се двете аденовирусни вакцини, единствена разлика е што „Астра Зенека“ користи вирус вектор од шимпанзо, од аденовирус од шимпанзо, а „Спутник“ користи хумани аденовируси.

– Меѓутоа, тоа не ја објаснува оваа симптоматологија на настани и мислам дека од она што ние во научните кругови го гледаме е дека степенот на пријава на овие инциденци е поголем од два фактори, заради тоа што „Астра Зенека“ се дава многу помасовно и затоа што следењето на несаканите реакции особено на ниво на ЕУ каде што е приоритет следењето на безбедноста е многу потемелно. Секој еден пријавен случај се детектира и е забележуван, посочи д-р Гроздановска.

Таа додаде дека во овој период одлучиле, во овие неколку дена да одат со вакцинација на постарата популација, со оваа вакцина, бидејќи, како што рече, тоа беше според националниот план. Дополнително ќе чекаат потврда од различни регулаторни тела да видат навистина колкава е инциденцата.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ