• Latest

Д-р Гроздановска: По примање на вакцината не сме заштитени веднаш, потребен е одреден временски период

April 2, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Д-р Гроздановска: По примање на вакцината не сме заштитени веднаш, потребен е одреден временски период

April 2, 2021 15:44
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

По примање на вакцината против Ковид-19, една од најважните работи е дека вие не сте заштитени, потребен е одреден временски период да бидете заштитени. Во зависност од различни вакцини и нивниот механизам на делување, најмалку две до три недели за да почнат да се создаваат антителата, но комплетно заштитена индивидуа е две недели после втората доза, информира на денешниот брифинг д-р Александра Гроздановска Фармацевтскиот факултет при УКИМ и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Тоа е важно, бидејќи, како што сподели таа, искуствата покажуваат дека голем дел од недовербата на вакцините се должеше на тоа што пациенти кои ја примиле вакцината, неколку дена после вакцината развиваат Ковид, а тоа, потенцира, не се должи на неефикасноста на вакцината, туку на непрактикувањето на превентивните мерки и очекувањата дека вакцината ќе делува веднаш во првите два, три дена.

– Во однос на тоа колку време по прележан ковид може да се прими вакцината. Не може да се заземе апсолутен критериум, бидејќи секоја индивидуа не го проаѓа Ковидот на ист начин со иста патологија и иста клиничка слика. Основен принцип е најмалку еден месец после прележувањето на Ковидот, но збориме кај комплетно оздравена индивидуа или шест месеци по прележувањето, бидејќи тогаш очекуваме дека титарот на антитела иако тоа не значи секогаш параметар, но веќе може да ја прими вакцината, вели д-р Гроздановска.

За процесот на вакцинација таа вели дека од медицинскиот персонал ќе искористат буквално се што е на располагање. Самиот процес на вакцинација, вели, ќе биде динамичен, отстапување ќе има, но како рамка ќе се држат по Национаниот план и приоритетните групи за вакцинација. Здрвствениот дом, како што информира, ќе обезбеди во „Борис Трајковски“ во две смени комплетни екипи од по четири лекари и 12 сестри, односно да има вкупно постојано 24 сестри и 16 лекари, а дополнително имаат помош и од друг и медицински и немедицински кадар.

– Очекуваме дека Ковид-19 ќе продолжи за жал и во оваа 2021 година, и мора да бидеме многу свесни дека маската, дистанцата, хигиената ќе бидат задолжителни. Почетокот на вакцинацијата нема веднаш да значи намалување на Ковид-19. Ризичните групи се извонредно приоритетно и високо препорачливи да се вацинираат, но вакцината не е задолжителна и се прима на доброволна база. Она што е важно сите вакцини се безбедни и ефикасни, а ризикот од несакани ефекти е неколкукратно, илјадници пати помал во однос на ризикот што ја носи болеста со Ковид-19, рече Гроздановска, додавајќи дека вакцините ќе ја извојуваат најголемата здравствена победа во човековата историја.

Таа информира дека теренската вакцинација за лицата во старските домови е веќе почната, од вчера, а се спроведува на начин што доставуваат списоци, локација и потоа се организира таа вакцинација.

До моментов, како што информира, имаат дадено Фајзер прва доза на 4.027 лица, втора доза – 3.728, Астра Зенека – 663, Спутик В – прва доза 2.996, Спутник втора доза – 267. Досега до МАЛМЕД, според нејзините информации, стигнале неколку пријави кои се однесуваат на несакани реакции од вакцините, меѓутоа најчесто тие пријави се должат на покачена температура.

Според, проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, вакцинацијата треба да ја прифатиме со сите средства и сили, бидејќи се работи за вакцини кои имаат ефикасност над 90 проценти. Најважниот параметар на перформансите на вакцините, како што рече, е успешноста на вакцината да елиминира шанса за смрт.

– Ефектот на вакцината во спречување на смртен исход е апсолутно постигнат, таа цел на создавањето и имплементирањето на вакцините и исто така огромен успех вакцините имаат во елиминирање на тешка болест. Да, ќе се појават и нови случаи, но тие случаи ќе бидат случаи кои нема да треба да стигнат до болница и со тоа наместо со ова оптоварување од 30, 40 мртви неделно и по над 1000 новоинфицирани од кои 200, 300 ќе завршат во болница, болниците ќе можат да се вратат на останатите патологии кои во моментов се страшно потиснати, вели Петличковски.

Вакцините, како и сите медицински препарати, вели, имаат некакви несакани ефекти.

– Тие се најчесто оток на местото на апликацијата, болка, лимфна жлезда порасната локално во близина на местото на апликација, замор, главоболка, некогаш температура, особено кај аденовирусните вакцини температурата почесто се јавува и трае 24, 36 саати, два дена и исклучително ретко се можни сериозни алергиски реакции и се можни сериозни случаи на длабоки венски тромбози. Кога ќе кажам исклучително ретко, мислам на четири до шест случаи на милион вакцинирани, или десетина случаи на милион вакцинирани со сериозни анафилактички реакции, и притоа ова се сериозни реакции, но ниеден од тие десетина не умира. Сите тие десетина се спасуваат, има ретки случаи некои од овие сериозни тромбози да заврши со летален исход, рече Петличковски.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ