Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио со ковид-19 од која било категорија нема да ни избега, мораме да се вратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија, вели Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести во Скопје во интервју за РСЕ.
Кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш ќе стигне вербата дека постои ковид-19, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа
Веројатно бројката на луѓе кои ќе имаат сериозна потреба од медицинско-болничко лекување ќе стигне до секој еден, кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш вербата и ќе стигне. Но страшно е ако го дозволиме тоа навистина ќе почнеме да ја губиме сериозно битката со ковид, не смееме да дозволиме вакви драстични, лични и емотивни случувања да ни бидат расветлување, разбистрување на свеста и стигање на информацијата, сето тоа може да биде многу полесно, вели Стевановиќ.