• Latest

Да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот, вели Заев

February 3, 2021
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
Фотографија: Центар за управување со кризи

РЕАКЦИИ: Еден доволен да запали, а цела држава неспремна да изгаси

July 8, 2025
ВОДА ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какво е водоснабдувањето во вашата општина?

July 8, 2025
Ерол Ризаов

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот, вели Заев

February 3, 2021 13:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам да испратам порака да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот. Наша должност е да се попишеме сите, законот тоа го предвидува, тоа е исто така меѓународна пракса, обврска на сите и апелирам вклучување на најголемата опозициска партија во оваа одговорна операција, затоа што последиците од било какви девијантни појави што може да се јават преку неодговорно однесување, може да бидат непоправливи како последици.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во одговор на новинарско прашање дали е можен поголем консензус меѓу власта и опозицијата за пописот.

Според него, статистичката операција треба успешно да се затвори, затоа што, како што рече, сме една од ретките земји која што 20 години нема попис, додавајќи дека се разгледуваат сите сугестии што беа дадени.

– Најголемата опозициона партија не го поддржа законот за попис. Граѓаните треба да знаат дека при отворање на прифатен амандман значи бесконечно отворање и блокирање на законот за попис. Сугестиите што дојдоа се обидовме најдобронамерно да ги прифатиме и да можеме да ги вградиме, како што се отпечатоците од прст. Сериозно се разгледуваат сите други сугестии што беа дадени, како што е електронски попис, но електронски попис не дава одговор на постоење на информации во базите на податоци за верска определба, за етничка определба, за податоци за нашите граѓани од дијаспората односно нерезидентни сите тие кои се повеќе од една година надвор од државата, како што е вкупен број на семејството и други податоци, рече Заев.

За предлогот на претседателот Стево Пендаровски пописот да се одложи за мај или јуни, рече оти се е вредно за размислување.

– Летото знаеме дека попис не се спроведува. Септември е кампања, октомври е изборен период за локалните избори. И да размислиме за месец дена, месец и пол, да завршиме некаде до средината на јуни, веќе гледам опозицијата тоа го одби, така што, да ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот, рече Заев.

Пописот, продолжи премиерот, е согласно сите стандарди на Евростат и сите меѓународни стандарди на пописот.

-Дел од базите што се неопходни за оваа статистичка операција се присутни во државата и ги имаме. Дел електронските бази ќе се користат за споредба на теренските проверки што ќе ги правиме за да може да се споредат. Дел не постојат никакви бази како што напоменав неколку информации и ќе мора теренски да се спроведат. Секако тоа ќе биде согласно сите здравствени протоколи. Најмалку што можеме да направиме за земјава во поглед на ова прашање е да бидеме одговорни сите, рече Заев.

Подвлече дека пописот ниту ускратува права, ниту дава нови права, ниту нешто ќе промени во државата, ниту, рече, не знам какви драми може да се случат и оти тие податоци ни се неопходни за развој на државата, за регионалниот развој на државата, за економските политики, да знаеме колкави се регионите со невработеност и со обработливост, да знаеме каде има локации за нови индустриски зони, за развој на нови економски политики и за отворање нови работни места.

-Ако е во прашање фрустрацијата затоа што некој не успеал да направи попис, а еве некој ќе успее да направи попис, јас уште сега објавувам дека е заеднички успех пописот што ќе го спроведеме сите во државата, Не држи тврдењето дека за време на пандемија не може да се оди и да се прави попис.  Како тогаш за време на пандемија се собираат питписи, како тогаш имавме успешни избори имавме и локални успешни избори. Така шо апелирам има потреба за многу прашања да застанеме заедно, за а пописот ни е должност да застанеме сите заедно, заклучи Заев.

Претседателот Стево Пендаровски вчера изјави дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира. Опозицијата, пак, од денеска собира потписи за поништување на Законот за попис. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера повтори дека пописот, доколку веќе власта инсистира да се спроведе, најдобро би било да биде електронски за да се заштити здравјето на граѓаните. Наспроти барањето на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис, од СДСМ со став дека таков вид на статистичка операција нема да ги даде комплетните податоци какви што се потребни и кои треба да бидат според стандардите на Евростат. Од оваа партија предлагаат комбиниран попис./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ