• Latest
27 април 2017

Да не се повторат настаните од 27 април во Собранието

April 28, 2018
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Да не се повторат настаните од 27 април во Собранието

April 28, 2018 09:59
in ВЕСТИ
27 април 2017

27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter

Во собраниската прес-сала вчера, на годишнината од насилствата во Парламентот, прес-конференција одржаа премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери. Тие беа придружувани од пратеници на СДСМ и ДУИ и поранешни народни избраници, сега градоначалници, како и припадниците на обезбедувањето кои таа вечер беа повредени или во прес-салата. 

Заев и Џафери на прес-конференцијата отфрлија можност за амнестија на лицата инволвирани во насилствата во Собранието.

– Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и не размислува, но и ако некој потајно размислува убаво е да се откаже од такво размислување, рече Заев.

Џафери, пак, вели дека нема место за размислување за таква опција (амнестија) затоа што, како што кажа, милион граѓани за најситна повреда на правилата и на законите се соочуваат со процес на правда и правдина низ системот онака како што е предвидено.

– Не мислам дека решението за самата опозиција е во фактот и во можноста формално да се постави и да се покрене една таква иницијатива. Без оглед што можеби тоа и го пропагираа во почетокот после настаните, јас сум убеден дека по една година цврсто се мислат и тие дали би направиле еден таков чекор. Мислам дека сватиле што се случило, да не кажам што направиле, рече Џафери.

Кажав, додаде тој, простувам, но не заборавам што се случило затоа што доколку заборавам или заборавиме, тогаш постои можност да ни се повторат заборавените работи коишто сме ги надминале.

– Од таа причина сметам после една година ни самата опозиција веќе не стои на тој став дека треба да има амнестија без оглед декларативно што ќе кажат, дециден е Џафери.

Премиерот Заев не одговори дали знае или се сомнева во тоа кои се инспираторите на настаните од 27 април, туку рече дека верува оти низ доказната постапка преку истрагата ќе се утврди максимално вистината по која што, вели тој, а веројатно и сите граѓани трагаат.

– Не само насилниците, не само директно вклучените, можеби и инспираторите, тајно организаторите од позадина на овој настан. Ако има докази, јас сум убеден дека преку тие докази ќе се утврдат и инспираторите. Ако нема докази верувам дека постои време и можност кога ќе се појават. Никоја тајна не останува трајна никаде, рече премиерот.

Правна разрешница, според него мора да има, но инспираторите и организаторите мора да сносат и политичка одговорност.

Бруталните и насилничките настани на 27 април во Собранието, кажа премиерот, не беа напад против нас, туку против демократијата. Тоа беше повеќе од криминал, повеќе од предавство, рече Заев.

Една година по насилството во Собранието, Македонија се врати на патот по кој чекорат сите европски демократски држави.

– Ја убедивме ЕК дека заслужуваме препорака, сега сакаме да ги убедиме земјите членки на Европскиот совет дека заслужуваме почеток на преговори за ЕУ, рече Заев.

Зијадин Села, кој најмногу настрада во насилствата, како и пратениците од опозицијата, биле поканети да присуствуваат на прес-конференцијата, но тие не дојдоа.

За насилствата на 27 април, се води постапка за обидот за убиство на Зијадин Села во Кривичниот суд. Рочиште се одржа и вчера. Други судски постапки се уште не се отпочнати, но има лица кои се уште се во притвор или во домашен притвор.

Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција на 27 март годинава до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Лекарската помош по насилствата на 27 април во Собранието, според извештајот на МВР побарале 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ