• Latest
(архива) Забрчанец на конференција на ЦИВИЛ за борбата против дезинформациите и хибридните закани, јуни, 2021 година (фото извор: ЦИВИЛ)

Да се подготвиме за најважните настани и трендови во 2024 година

December 28, 2023
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на MIRROR NOW

Старлинк на Маск не работи на целата фронтовска линија во Украина, интернет услугата претрпе глобален прекин

September 15, 2025
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Да се подготвиме за најважните настани и трендови во 2024 година

December 28, 2023 09:30
in СВЕТ, СТАВОВИ, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
(архива) Забрчанец на конференција на ЦИВИЛ за борбата против дезинформациите и хибридните закани, јуни, 2021 година (фото извор: ЦИВИЛ)

(архива) Забрчанец на конференција на ЦИВИЛ за борбата против дезинформациите и хибридните закани, јуни, 2021 година (фото извор: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ 

1. Половина од светското население ќе излезе на избори во 2024 година

Избори ќе се случат во повеќе од 40 држави во 2024 година, при што на гласање ќе излезат четири милијарди граѓани меѓу кои и граѓаните од седум од првите десет најнаселени земји во светот.

Граѓаните во Северна Македонија, САД, Европската Унија, Индија, Обединетото Кралство, Украина, Русија, Тајван и многу држави во Африка ќе бидат меѓу оние кои ќе излезат на гласање во 2024 година.

Растечката политичка поларизација меѓу прогресивците и националистите ќе кулминира токму во 2024 година. Изборите ширум светот ќе одлучат која политичка опција ќе издоминира во втората половина од тековната декада.

2. Ќе се зголемува бројот на луѓе кои живеат до 100 години

Според проценките на Обединетите Нации, целиот свет имал само 27.000 вистински стогодишници во 1970 година.

Сега, глобалниот број на стогодишници надминува 500.000 и може да достигне 3,5 милиони во 2050 година, пресметуваат ОН. Бројот на стогодишници се зголемува за шест до осум пати побрзо од целокупното глобално население. (Јапонија, Франција и Јужна Кореја се значајни центри).

Геријатријата веројатно ќе станува многу повозбудлива медицинска дисциплина, бидејќи истражувачите продолжуваат да ги идентификуваат гените и навиките кои им помагаат на стогодишниците да живеат толку долго.

Голем придонес кон мотивацијата на глобалното население да си го подобри и продолжи својот живот имаше документарецот “Живот до 100 – тајните на сините зони” кој навлегува во културните и општествените фактори (заедниците, исхраната и начинот на живот) кои придонесуваат за долговечноста. Станува збор за концептот на „Сините зони“, региони ширум светот познати по нивниот голем број стогодишници.

3. Интелигентните машини ќе ги освојат нашите секојдневија

Во 2024 година, вештачката интелигенција (AI) станува клучен дел од секојдневниот живот во сите полиња и индустрии. Постои загриженост дека предавањето на контролата над нашите животи на алгоритмите може да ги влоши поделбите и нееднаквостите во општеството.

Бизнисите ја прифаќаат, регулаторите ја регулираат, а техничарите продолжуваат да ја подобруваат. Ќе се интензивира дебатата за најдобриот регулаторен пристап – и дали аргументите за „егзистенцијалниот ризик“ се мамка што им користи на актуелните власти. Постојано ќе се појавуваат неочекувани употреби и злоупотреби. Изобилуваат грижи за ефектот на AI врз работните места и потенцијалот за мешање во изборите.

4. Ќе се зголемува бројот на луѓе кои ќе работат по четири дена во неделата

Сѐ повеќе компании и вработени ќе се префрлаат на 4-дневни работни недели во 2024 година. Тоа веќе се случува, а трендот ќе се засили. Една од причините е токму вештачката интелигенција – 20% од работниците ќе имаат над 50% од нивните работни задачи “загрозени” од AI.

Иако се толкува како иновативност и позитивен тренд, во 2024 година многумина ќе се разочараат бидејќи ќе разберат дека тоа води до губење на нивните работни места (поради напливот на AI).

5. Сѐ повеќе ќе се зборува за крајот на чашите за една употреба

Во 2024 година, очекувајте се поголем хор од влади и кафулиња низ светот да воведат доплати за чаши за еднократна употреба за борба против еколошката штета и отпадот.

Милијарди чаши се фрлаат секоја година, а малку од нив навистина се рециклираат. Ирска размислува за „лате такса“ – 0,20 евра по шолја за еднократна употреба. Владата сака што е можно повеќе да го елиминира изворот на отпад и на крајот да ги забрани чашите.

Холандија и делови од Австралија бараат целосна забрана за еднократна употреба и пластични чаши, додека во САД Starbucks ќе им даде попуст на клиентите кои носат чаши за повеќекратна употреба за нарачки преку возење од крајот на оваа година.

Критичарите ја нарекоа мерката „тап инструмент“, предупредувајќи дека потрошувачите може да се одлучат целосно да се откажат од нарачките за кафе, што ќе доведе до губење на работни места во секторот за кафулиња во Ирска.

6. Социјалните медиуми ќе се свртат кон подолги видеа, автентична содржина и мачки

Социјалните медиуми се подготвени за значителни промени во 2024 година. TikTok ќе продолжи со својата доминација во во видео содржините, а LinkedIn ќе доминира уште повеќе во професионалниот свет.

Подолгите видеа ќе станат повеќе популарни бидејќи корисниците бараат одговори на нивните прашања, а расте и побарувачката за автентична содржина.

Мачките ќе станат владетели на социјалните мрежи, со преслатки видеа и мемиња од лудории на мачки кои ги преплавуваат нашите мрежи. #CatsRuleDogsDrool ќе биде во тренд.

7. Олимписките и паролимиписките игри во Париз

Почетокот на Олимписките игри во Париз е утврден за 26 јули 2024 година. За прв пат, церемонијата на отворањето на Игрите ќе се одржи надвор од стадион, точно во средината на градот. Наместо да маршираат по патеката, спортистите во Париз ќе бидат претставени со бродови, додека пловат по Сена, а ќе ги гледаат дури 600.000 гледачи.

Ќе видиме одбојка на плажа во сенката на Ајфеловата кула, коњички настани во Версајската палата, хотелот на инвалидите каде се одржува стрелаштво и Плас де ла Конкорд со скејтбординг, BMX и кошарка 3х3.

Параолимпијадата, која започнува на 28 август, ќе се одржи на различни локации. Прочитајте повеќе на paris2024.org.

8. Повеќе џез, помалку електронска музика

Во 2024 година, Millennials и Gen Z ќе ги менуваат своите навики за електронски ритми за нешто многу поретро: винтиџ џез. Овој тренд ќе се протега и надвор од плејлистите односно низ облеката инспирирана од џезот, слабо осветлените места и lo-fi изгледот. Помладата генерација ќе гледа кон минатото за да ја направи оваа “сакс” естетика своја.

9. Удирањето во воздух клучно за ослободување од стресот

Крајниот лек за ослободување од стрес за 2024 година: удирање во воздухот. Оваа година физичката активности ќе ја издоминираат борбените спортови како што се карате, кик-бокс и џиу-џицу. Дневната доза со ваквите физички активности на многумина ќе им помогне да се чувствуваат посилни, помирни и помоќни.

* При креирање на содржината на оваа статија користени се предвидувањата и анализите за 2024 година на The New York Times, Time, The Economist, Guardian, Pinterest, Bloomberg, Harvard Business Review, Forbes, Futurist, Coindesk, LinkedIn News.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ