• Latest

Да славам или не?

April 30, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да славам или не?

April 30, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Први мај. Меѓународен  ден на трудот. Или популарно, ден на работникот. Во 1866 година во Чикаго, од први до четврти мај, со штрајк кој земал и свои жртви, работниците се избориле за осумчасовно работно време. Низ годините потоа работничките права низ светот се проширувале, така што, во денешно време, во земјите кои се сметаат за напредни, работниците можат да се пофалат со константно унапредување на своите права  и со достоинствен живот.

Пишува: Фросина Митрушева

Први мај останува ден кој е симбол на работничката борба. За да се обележи овој ден некаде низ светот се протестира, а некаде се слави. Кај нас е државен празник. Значи, треба да се слави. Треба? Во државата која одамна заборави на работничките права?

До каде сме ние со работничките права?

Што имаат за славење нашите работници? Кои работнички права ги унапредивме низ годиниве на самостојност? Кои напредни работнички права ги донесоа бројните странски инвеститори од земјите каде работничките права се императив и во чии земји нашите деца сонуваат да живеат?

Дали треба да слават работниците во поголемиот број на фирми, и странски и домашни, и мали и големи, кои работат повеќе од 40 часа неделно? Се разбира, без материјален надомест за тоа. И тоа го прават без поговор и со наведната глава. Во страв дека ако го побараат остварувањето на своето право на 40-часовно работно време ќе бидат избркани од работа. Заради мрзливост и нелојалност кон фирмата, која на газдата и менаџерите им носи завидлив профит. Дали е за славење работењето за 12.000 до 15.000 денари? Дури, има гласини дека некои работници дел од платата му ја враќаат на рака на работодавачот. Молчешкум и во страв дека и таа цркавица може да ја изгубат. Да ги славиме странските инвеститори кои дојдоа од земји со напреднати  работнички права за во нашата држава да влезат преку рекламирањето на евтина работна рака? Да ги славиме синдикатите кои се борат единствено за својата одржливост и се финансираат со молзење пари од работниците на кои им ветуваат розови денови со своите розови лаги?

И сега, се појавува личната дилема. Да славам или не?

Јас сум учителка. Така милувам да се нарекувам себе си. Затоа што тоа го работам. Ги учам децата. Нешто математика, нешто логика, нешто етика, нешто животни вистини и принципи… Од сѐ по нешто. Децата ме викаат професор. Во претходните закони ние учителите бевме наречени просветни работници. Во законите кои се сега на сила, не нарекуваат даватели на јавни услуги во сферата на образованието. Треба ли да го славиме Први мај ние давателите на јавни услуги? Колку се напреднати нашите права низ годините? Дали имаме причина за славење?

Да славиме ли што некој сака да ни ја оспори улогата на учители, па од луѓе кои подучуваат станавме луѓе кои даваат услуги? Ја даваме услугата описменување. Ја даваме услугата пренесување на знаења и вештини од одредени науки и области. Ја даваме услугата мотивирање за учење и стекнување работни навики. Ја даваме услугата решавање на проблеми кои ги имаат најкревките – децата и младите. Ја даваме услугата воспитување… Па, и за славење е кога некој има верба во нас да  ни повери толку значајни услуги за давање. Или не е? Колку е деградирачки од учител да станеш давател на јавни услуги!

Тука некаде започнуваат и прашањата околу ценењето на давачите на услуги во образованието. Ми раскажувале старите, кога јас бев млада,  дека во нивно време учителот и свештеното лице биле најценетите луѓе во селото. Колку е ценет трудот на учителот во ова време?  Во бројки: 16% пониско од просечната плата во државата. За високо образованиот кадар со претходно наведените ингеренции за давање на услуги. Едно здружение од неколку луѓе, кои себе си се нарекуваат синдикат, во името на вработените во образование, потпиша одамна колективен договор со работодавачот – влада. Колективниот договор  потписниците и засегнатите субјекти се должни да го почитуваат. На ниво на закон. Во тој, важечки, колективен договор се определува и начинот на пресметување на личниот доход на вработените. Според потпишаното платата на професор треба да изнесува 3,5 минимални плати, или во бројки, 42.000 денари. За разлика од другите членови во колективниот договор, овој никогаш не почна да се применува. И така професор, упс, давател на јавни услуги, прима околу 21.000 денари или 1,7 минимални плати. Половина од тоа што треба да го добива според потпишаниот законски акт. Толку околу цената на трудот на професорот. Толку околу почитувањето на законите. Толку околу почитувањето на работничките права.

Нема да зборувам овде за кршењето на достоинството на професорите. Иако, правото на достоинствен живот е едно од основните човекови права. Ако си дозволуваме кршење на правата кои законот би требало да ни ги гарантира, зарем можам да очекувам негодување за кршење на едно толку апстрактно право како што е достоинството?

Први мај. Се прашувам што во денешно време ќе направеа чикашките работници да беа на местото на нашите просветари. Ќе славеа? Или…?

Дал да славам или да се борам? Сепак, ќе славам. Да се слави може и сам, а за борба треба и други борци.

Овој Први мај ќе ја славам борбата на чикашките работници од 1886 година.

Нашите работници не се изборија и не се борат за своите права.

Се надевам дека некој скорашен Први мај ќе ја славам борбата на македонскиот работник и изборувањето на неговите права.

И за на крај, да не заврши тажно ова празнично писание, еве еден прикладен македонски виц. Ми го кажа еден нетипичен македонски директор на мал нетипичен ентитет, со неколку нетипични среќни вработени:

Се сретнуваат после подолго време двајца македонски газди.

– Здраво Трпе, како е, како бизнисот?

– Супер. Работа има. Трошоци мали. Четири месеци не сум им дал плата на работниците, а они си работат. Малку ми е шубе да не почнат да се бунат.

– Ич немај гајле. Јас на моине им немам дадено плата шест месеци. Пред  два месеци си викам „Ај ќе почнам да им наплаќам влезници за доаѓање на работа, да видам што ќе биде“. Супер идеше на почеток. Си плаќаа секој ден. Ама, после еден месец се досетија, мангупи, и сега доаѓаат на работа во понеделник, а си одат во петок…

Среќен Први мај.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 1 Мајвластработнички правасиндикати
Share147Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ