• Latest
Фото: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ

Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка, ќе се применува согласно гласањето

May 26, 2024

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка, ќе се применува согласно гласањето

May 26, 2024 15:22
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ

Фото: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ

Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, по повод усвоената резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН, изјави дека ќе се применува во согласност со тоа која земја како гласала, бидејќи не е усвоена со консензус, јави дописникот на МИА од Белград.

– Оваа резолуција не е правно обврзувачка, единствената придобивка за оние што ја предложија е што 11 јули ќе биде на агендата и обележана од ОН, изјави Дачиќ.

Тој рече дека никој не ја информирал Србија за тоа што се подготвува и дека е сосема нормално да се разговара за тоа една година, да се бара некакво решение или формулација што би можело да биде прифатливо.

– Ние бевме свесни дека ова ќе биде тешка борба, односно дека тие што ја предлагаат резолуцијата сигурно нема да дозволат да загубат од Србија и нема ни да влегуваат во такво нешто доколку не се сигурни на доволен број гласови, додаде Дачиќ.

Коментирајќи ги резултатите од гласањето и фактот дека предлагачите добија помалку од очекуваните две третини од гласовите, Дачиќ рече дека Србија дури и не целела на оние кои се против да надвладеат над оние кои се за, бидејќи таков е гласачкиот систем, но дека имале за цел бројот на земји кои се против и воздржани да биде поголем од бројот на оние кои се за.

Дачиќ рече дека додека бил министер за надворешни работи разговарал со 73 министри и дека некои земји гласале поинаку од она што го најавиле, наведувајќи ја Гвинеја-Бисао која гласала за резолуцијата.

Кога станува збор за Украина, тој изјави дека мисли оти Германија отворено и се заканила на Украина дека ќе ја прекине воената помош, за да гласа „за“.

– Имате ситуација кога Украина и Молдавија се единствените две земји од поранешниот Советски Сојуз кои гласаа за оваа резолуција. Сите други беа воздржани, а Русија и Белорусија беа против, рече Дачиќ.

Тој оцени дека предлагачите и оние кои гласале за резолуцијата се разочарани од тоа што имало повеќе воздржани и оние кои биле против, додавајќи дека ја потцениле српската дипломатија и силата на Србија.

Посочи дека од земјите што гласале за – 40 биле од Европа и од Запад, а мал дел надвор од Европа.

Претставниците на 84 земји гласаа за резолуцијата, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и која го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, вклучително и сите земји од Квинта, голем број членки на ЕУ и сите поранешни југословенски републики освен Србија.

Против резолуцијата гласаа 19 земји – Србија, Унгарија, Кина, Русија, Белорусија, Куба, Северна Кореја, Сирија, ДР Конго, Никарагва, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Сао Томе и Принципе, Антигва и Барбуда, Комори.

Воздржани беа 68 земји, меѓу кои Грција, Словачка, Кипар, Ерменија, Грузија, Индија, Бразил, Аргентина, Мексико, ОАЕ, Алжир и Ангола. Меѓу земјите кои не гласаа се Израел, Азербејџан, Венецуела и други.

 

Tags: Ивица ДачиќСрбијаСребреница
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ