• Latest
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025 12:37
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ  

Ако има тема што е константа во нашиот политички и општествен живот, тогаш е дебатата за изборниот законик. Разни модели се предлагаат, чистење на списоци, а се останува исто. Изгледа не е до законите туку, до граѓаните е.

Една изборна единица, затворени ,полу отворени ,отворени листи се темите на кои се навраќаме секој шест месеци за да заклучиме дека нема време да се направат измени бидејќи изборите се близу. А бидејќи сме во постојана кампања и не чекаат некои избори, работата се остава за некоја иднина, ако таа воопшто и дојде.

Треба ли да гласа иселеништвото? Вистинското име за нашите сограѓани кои фатија џаде за светот сеуште треба да го дефинираме, зошто списокот  на нивниот статус таму е се подолг. Ги има оние што се по потекло одовде, оние што се родени овде, а ги има и родени овде ама како ластовичките се селат секои пет шест месеци. За тие категории наши сограѓани подоцна ќе пишувам, а сега за они што овде се расправаат за тоа дали се само гласачи или веќе е време да станат избирачи на сопствените претставници во државните органи.

Затоа сметам дека не е прашање дали треба да гласаат иселените туку дали треба да гласаат оние што се овде. Ако се прашувам јас ( А не се прашувам) добар дел од оние што на секои избори заокружуваат по некој број на избирачките списоци , не би требало тоа веќе да го прават. За тоа мое мислење потврда е состојбата во која се наоѓаме денес и како заедница и како држава. Ако умееја да избираат, место да гласаат како избирачки бројки немаше вака да ни биде. Значи ако не се научија триесет и пет години да избираат вистински претставници, одговорни за заедницата, зошто сега би го направиле тоа како што треба? Според егзактните податоци на секој што во збирот на години му почнува со шестка, треба да му се забрани да гласа затоа што не докажал дека тоа го знае и има одговорност за својот глас. Ај да не бидам премногу груб, да се замолат тој ден да  чуваат внуци, играат шах во парк, прават неделен ручек или едноставно се шетаат по природните убавини. Се да прават ама до избирачките места да не се доближуваат зошто нивниот избор досегашен се покажа како погрешен.

Зошто би гласале оние што прво гледаат од која националност е кандидатот па после заокружуваат број на гласачкото  ливче. Тие треба само да застанат во редицата под националното знаме и  со затворени очи да заокружат некој број. Што е важно кој е кандидатот , што знае и какви му се намерите. Важно е да е од „нашите“ или уште појасно да не е од „туѓите“.

Зошто би гласале членовите на партиите? Зошто би оделе на избирачките места кога однапред се знае кој е нивниот избор. Ако рекол лидерот дека тој е нашиот кандидат што има потреба тоа да го потврдуваат на некакви државни избори. Логично е да се отиде во партиското седиште се евидентираш дека си присутен го заокружиш бројот што ти е на маицата или запалката и готово. После партијата нека си ја заврши работата . Таа после треба да ги испорача очекуваните погодности за големиот чин на гласање на партискиот член. Е, ако се сака функција има да си застанеш со списокот во рака и да проверуваш дали сите што си ги пријавил, како твои гласачи, ќе дојдат да го дадат својот ценет глас. Изненадувања ретко има ама што ѐ сигурно – сигурно ѐ. После изборите со дотичниот список застануваш во ред и ги собираш заслугите.

Зошто треба да гласаат оние што постојано се мрштат на состојбите не веруваат во чесноста на изборите, во квалитетот на кандидатите ?. Не е добро сопствената несигурност да ја пренесувате во политичкиот процес господа сограѓани. Никои припадници на овој дел од граѓаните е во првата група што ја опишував и никако да разбере зошто требаше да се заменува поранешниот систем со една партија со систем со повеќе партии кои се дури полоши од таа што кобајаги си замина во историјата. Па нели рушевме систем за да ни биде подобро во демократијата? Сега не дека не нѝ е подобро, туку нѝ е полошо. Таа демократијата барала граѓани а не поданици а ние такви одговорности не можеме да прифатиме. Што ќе ни е демократска држава кога не може да се грижи а нас од лулка до завршно одделение. Оваа збунета група не само што не би требало да гласа туку треба и да и се забрани да го прави тоа како право и обврска.

Младите и онака не се многу заинтересирани за изборите и иднината овде. Ако се членови на партиските подмладоци тогаш се дел од групата која погоре ја опишав, а ако не сѐ, веќе имаат издолжени шии од гледање преку граница. На оваа група граѓани нема потреба ниту да им браниш ниту да им наредуваш да гласаат. Тие ќе направат онака какво што ќе им биде расположението тоа утро. И онака како што велат „ не се гледаат овде“.

А оние што се надвор од државата треба ли да гласаат? Ако вака продолжи тие ќе бидат мнозинство па така овдешните нема да можат да донесат уставно исправен избор.

Додуша некој имаат двојно право на гласање зошто имаат двојни државјанства ама си го заслужија тоа. Кога имаат два идентитета секако заслужуваат и двапати да гласаат. Еее, колку ќе ни се растури атмосферата овде ако тие не можат да го дадат својот ценет глас . „Има бре да ни го чуваат идентитетот оние што останаа во татковината за да имаме причина овде во странство да си пееме патриотски песни кога ќе сме слободни зошто мораме да работиме и по две работи за да не се вратиме таму“. Со вакво мислчење заслужуваат да гласаат и таму и овде,

А ги има и оние што секако треба да имаат можност да гласаат. Ете на пример мојата комшивка Даринка секој шесет месеци се сели во Германија  и таму ги чува внуците зошто изгор било да се плаќа градинка. Како мислите вие господа од парламентот ? Како тоа таа да нема право да гласа за нејзините кандидати? Известете ја за нејзиниот статус секако и потврдете го нејзиното право. Таа овде ли одлучува или таму во Германија во некој гратче чие име три минути се мачи да го изговори низ вештачката вилица овде преку социјалното добиена. Има да и се овозможи да гласа ,цел век го потроши овде.

Има разни категории на наши граѓани и овде и во „раселението“ што треба да гласаат, иако според резултатите од нивните избирачки активности неминовно не наведуваат на заклучок дека треба да се стават барем на привремена терапија. За време на терапијата треба како лек да им се пропише апстиненција од било какови избори. Дури да не смеат ни цреши да избираат да не ја качат енормно цената на терапијата.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: дијаспораизбори
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ