• Latest

Дали навистина пандемијата ќе го промени светот?

April 20, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали навистина пандемијата ќе го промени светот?

Може да се каже дека кризата само ги нагласи и ги извлече во прв план преовладувачките одлики на политичкиот живот. Како во текот на кризата државите да се претворија во пренагласени верзии на она што биле пред да започне пандемијата. Оттука следи дека оваа криза можеби нема да биде епохален пресврт во историјата на глобалната политика и економија како што многумина очекуваат. Наместо да го одведе светот на некој нов и значително поинаков пат, се чини поверојатно е дека тој само ќе ги продлабочи и засили веќе постоечките трендови.

April 20, 2020 16:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Постојат два вида на криза: оние за кои не сме можеле да се подготвиме, затоа што никој не можел да ги предвиди, и оние кои би требало да ги дочекаме подготвени, затоа што биле најавени. КОВИД-19 очигледно спаѓа во втората категорија, без разлика на тоа што на оваа тема зборува претседателот Доналд Трамп во обидите да избегне одговорност за катастрофата која се случува. Точно е дека се работи за нов тип на вирус и дека точниот датум на избивање на епидемијата никој не можел да ја предвиди, но не може да се одрече дека стручните лица веќе долго време зборуваат дека избивањето на ваква пандемија е само прашање на време.

САРС, МЕРС, H1N1, ебола и другите епидемии беа доволно предупредување. Светската здравствена организација пред 15 години ја ревидираше и прошири глобалната рамка за реагирање на епидемии на заразни болести во обид да отстрани некои од недостатоците воочени за време на епидемијата на САРС во 2003 година.

Во 2016 година Светската банка востанови програма за финансиска помош на сиромашните земји во случај на пандемија, позната како Pandemic Emergency Financing Facility. Само неколку месеци пред КОВИД-19 да се појави во Вухан, Кина, администрацијата на Трамп доби извештај кој предупредува на голема веројатност од избивање на нова пандемија слична на онаа од 1918 година, која ширум светот уби околу 50 милиони луѓе.

Како и климатските промени и нивните последици, пандемската криза се подготвува долго време. Реакцијата на Соединетите Американски Држави беше катастрофална. Трамп со недели одбиваше да се соочи со сериозноста на ситуацијата. Кога бројот на заразени и хоспитализирани започна да расте се покажа дека земјата нема доволно тестови, маски, респиратори и други потребни медицински залихи.

САД не побара од тестовите кои ги обезбеди Светската здравствена организација, ниту пак на време обезбеди сопствени сигурни тестови. Трамп одлучи да не ги искористи претседателските овластувања за реквизиција на медицинските залихи од приватните производители, поради што болниците и локалните управи се најдоа во ситуација да се обидуваат да дојдат до потребните залихи наддавајќи се едни против други на јавни лицитации.

Доцнењето со масовните тестирања и воведувањето на мерки за ограничување на движењето скапо ја чинеа Европа, особено Италија, Шпанија, Франција и Британија. Подобро се снајдоа некои од земјите во Источна Азија. Се чини дека Јужна Кореја, Сингапур и Хонг Конг успешно ја ставија епидемијата под контрола комбинирајќи масовно тестирање, следење на контактите и строг карантин.

Разликите во реакциите на кризата се забележителни и во рамките на границите на една иста држава. Покраината Венето на Северот на Италија помина значително подобро отколку соседна Ломбардија, пред се благодарение на тестирањето и раното воведување на ограничено движење.

Кентаки и Тенеси, две соседни држави во САД, ги пријавија своите први случаи со разлика од само еден ден. Кон крајот на март Кентаки имаше само една четвртина од вкупниот број случаи забележани во Тенеси, затоа што локалната управа побрзо реагираше со прогласување на вонредна состојба и затворање на јавните простори.

Кризата главно се одвива онака како што и се очекува врз основа на тоа како одредена земја управува со неа. Трамповата смртоносна некомпетентност, трапавост и саморекламирање во управувањето со кризата никого не изненади. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, подеднакво суетен и превртлив, продолжува да ја потценува опасноста, како што и се очекуваше.

Исто така, не изненадува ниту тоа што најбрзо и најефикасно реагираа државите чии администрации се уште ја уживаат довербата на своите граѓани – Јужна Кореја, Сингапур и Тајван.

Одговорот на Кина е типично кинески: цензурирање на информациите за ширењето на вирусот, висок степен на општествена контрола и мобилизација на огромни ресурси во моментот кога сфатија што се случува. Во Туркменистан е забрането да се користи зборот „корона вирус“, а забранети се и заштитните маски на јавни места. Виктор Орбан ја искористи кризата за да ја зацврсти апсолутната власт во Унгарија, така што го распушти Парламентот и себе си си ги даде сите овластувања да ги спроведува декретите, без временски ограничувања.

Може да се каже дека кризата само ги нагласи и ги извлече во прв план преовладувачките одлики на политичкиот живот. Како во текот на кризата државите да се претворија во пренагласени верзии на она што биле пред да започне пандемијата. Оттука следи дека оваа криза можеби нема да биде епохален пресврт во историјата на глобалната политика и економија како што многумина очекуваат. Наместо да го одведе светот на некој нов и значително поинаков пат, се чини поверојатно е дека тој само ќе ги продлабочи и засили веќе постоечките трендови.

Големите потреси каков што е и овој и самите произведуваат „ефект на потврдување“: така расте веројатноста дека во катастрофата која ја предизвика КОВИД-19 ги препознаваме сопствените стравови и погледи. Можеби и почеток на некое идно економско и политичко движење, она кое одамна го посакуваме.

Луѓето кои се залагаат за поистакната улога на државата и поголеми инвестиции во јавните добра сметаат дека текот на кризата ги потврдува нивните ставови. И оние кои се скептични за сите интервенции на владата и забележуваат само неспособност на државната администрација исто така веруваат дека кризата им го дава тоа право. Застапниците на глобалната администрација тврдат дека поцврст меѓународен режим на здравствена заштита би можел да ги намали трошоците за пандемијата. Оние, пак, кои го поддржуваат зајакнувањето на улогата нација-држава ги набројуваат неуспесите на СЗО во одговорот на кризата (на пример, земањето на кинеските податоци здраво за готово, спротивставување на мерки за ограничување на движењето и давање препораки да не се користат заштитни маски).

Накратко, КОВИД-19 најверојатно нема да ги промени – а уште помалку да направи пресврт во – тенденциите кои беа воочливи и пред кризата. Бавното умирање на неолиберализмот ќе продолжи. Популистичките автократи ќе бидат уште повеќе авторитарни. Хиперглобализацијата ќе продолжи да се повлекува, додека националните држави и понатаму ќе го јакнат и преземат креирањето на политиките. САД и Кина и понатаму ќе продолжат да се движат по патеките кои ги водат до точка на судир. Конфликтите меѓу олигарсите, авторитарните популисти и либералните интернационалисти во рамките на националните држави ќе се интензивираат, а левицата и понатаму ќе трага по програма која би привлекла повеќе гласачи.

извор: Project Syndicate

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ