fbpx
  • Latest
Даниела Рангелова

Даниела Рангелова за изборите, црните пари во кампањите, семејното насилство, родовата еднаквост и медиумите (3)

December 30, 2021

Тренчевска: Билатералната соработка со Република Франција продолжува, вложуваме во унапредување на родовата еднаквост и пазарот на трудот

May 18, 2022

Европарламентот ќе расправа за Извештајот за напредокот на Северна Македонија

May 18, 2022

Пандов: Прогнозирам дека на есен ќе има вонредни парламентарни

May 18, 2022

Маричиќ ја пречека Брнабиќ на скопскиот аеродром

May 18, 2022
Џабир Дерала

Жед за власт, по секоја цена

May 18, 2022

Костовска: Вмровската мисла е силната потреба на слабиот да припаѓа на нешто ,,големо”

May 18, 2022

Анкета на Фронтлајн: Дали се потребни предвремени парламентарни избори

May 18, 2022

Српската премиерка Ана Брнабиќ во посета на Северна Македонија

May 18, 2022

Зеленски: Ракетно гранатирање голем број региони и субверзивни активности на границата се обид на руската армија да компензира за серијата неуспеси на истокот и југот на Украина

May 18, 2022

Тупанчески: Изборниот законик да се носи внимателно,а не да се менува инстантно

May 18, 2022

Ковачевски со апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието

May 18, 2022

МОН и СОНК ги усогласија ставовите, се чека одлука од членството на СОНК за да биде потпишана спогодба

May 18, 2022
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ
Wednesday, May 18, 2022
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Тренчевска: Билатералната соработка со Република Франција продолжува, вложуваме во унапредување на родовата еднаквост и пазарот на трудот

    Европарламентот ќе расправа за Извештајот за напредокот на Северна Македонија

    Пандов: Прогнозирам дека на есен ќе има вонредни парламентарни

    Маричиќ ја пречека Брнабиќ на скопскиот аеродром

    Анкета на Фронтлајн: Дали се потребни предвремени парламентарни избори

    Српската премиерка Ана Брнабиќ во посета на Северна Македонија

    Зеленски: Ракетно гранатирање голем број региони и субверзивни активности на границата се обид на руската армија да компензира за серијата неуспеси на истокот и југот на Украина

    Тупанчески: Изборниот законик да се носи внимателно,а не да се менува инстантно

    Ковачевски со апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието

    МОН и СОНК ги усогласија ставовите, се чека одлука од членството на СОНК за да биде потпишана спогодба

    Trending Tags

    • ПОЛИТИКА

      Маричиќ ја пречека Брнабиќ на скопскиот аеродром

      Џабир Дерала

      Жед за власт, по секоја цена

      Српската премиерка Ана Брнабиќ во посета на Северна Македонија

      Владата го усвои законот со кој ќе се обезбеди финансиска поддршка за изградба на останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце

      Џабир Дерала

      Денот кога граѓан(к)ите дојдоа по својата слобода

      Османи: Стратешкиот дијалог со САД ќе донесе бенефити за нашите граѓани и држава

      САД најавиja ублажување на политиката кон Куба

      ЕУ стави рок спорот да се реши до јули, ќе продолжи со притисок врз Софија и Скопје

      ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за одржување на граѓански протест на 18 јуни

      Унгарскиот парламент го реизбра Орбан за премиер

      Trending Tags

      • ОПШТЕСТВО

        Анкета на Фронтлајн: Дали се потребни предвремени парламентарни избори

        СОНК и МОН ги усогласија ставовите, платите од септември ќе се зголемат за 15 проценти

        МПЦ-ОА и СПЦ ќе служат заедничка литургија во Белград

        Европски градови преименуваат улици и плоштади во „Улица Украина“

        ПРетседателот Стево Пендаровски, извор: Твитер профил на Пендаровски

        Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет

        Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава  

        Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

        17 мај, 2015 – 2022

        Во фокусот на ЦИВИЛ: Младите најмногу се дискриминирани според сексуалната ориентација, родовиот идентитет и економскиот статус

        Петровска: Одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

        Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

        Trending Tags

        • СЛОБОДНА ЗОНА
          • Категорија
          • MIDNIGHT EXPRESS
          • БЕЗ ФИЛТЕР
          • БЛИЦ
          • БРЗА ПОШТА
          • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
          • КОМЕНТАРИ
          • ОД КОРНЕР
          • ПОЕНТИ
          • ПРАВНИ ПЕРСПЕКТИВИ
          • РАФАЛ
          Џабир Дерала

          Жед за власт, по секоја цена

          Џабир Дерала

          Денот кога граѓан(к)ите дојдоа по својата слобода

          Војо Маневски

          Темелници

          Добро утро со Орданоски

          Аутопсија на еден „активен бојкот“

          Добро утро со Орданоски

          Дали ВМРО-ДПМНЕ ја „откачува“ Данела?

          Војо Маневски

          Дремење

          Џабир Дерала

          Сѐ си кажа Мицкоски, а и Данела ја пушти низ вода

          Емануел Макрон

          Макрон во поход за обединување на Европа?

          Молк до 2024 година!

          Тимоти Снајдер: Десет причини зошто победата на Украина е клучна за светот?

          Trending Tags

          • АНАЛИЗИ
          • РЕГИОН
          • СВЕТ
          • ВОЈНА
          Civil
          No Result
          View All Result
          • ДОМА
          • ВЕСТИ

            Тренчевска: Билатералната соработка со Република Франција продолжува, вложуваме во унапредување на родовата еднаквост и пазарот на трудот

            Европарламентот ќе расправа за Извештајот за напредокот на Северна Македонија

            Пандов: Прогнозирам дека на есен ќе има вонредни парламентарни

            Маричиќ ја пречека Брнабиќ на скопскиот аеродром

            Анкета на Фронтлајн: Дали се потребни предвремени парламентарни избори

            Српската премиерка Ана Брнабиќ во посета на Северна Македонија

            Зеленски: Ракетно гранатирање голем број региони и субверзивни активности на границата се обид на руската армија да компензира за серијата неуспеси на истокот и југот на Украина

            Тупанчески: Изборниот законик да се носи внимателно,а не да се менува инстантно

            Ковачевски со апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието

            МОН и СОНК ги усогласија ставовите, се чека одлука од членството на СОНК за да биде потпишана спогодба

            Trending Tags

            • ПОЛИТИКА

              Маричиќ ја пречека Брнабиќ на скопскиот аеродром

              Џабир Дерала

              Жед за власт, по секоја цена

              Српската премиерка Ана Брнабиќ во посета на Северна Македонија

              Владата го усвои законот со кој ќе се обезбеди финансиска поддршка за изградба на останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце

              Џабир Дерала

              Денот кога граѓан(к)ите дојдоа по својата слобода

              Османи: Стратешкиот дијалог со САД ќе донесе бенефити за нашите граѓани и држава

              САД најавиja ублажување на политиката кон Куба

              ЕУ стави рок спорот да се реши до јули, ќе продолжи со притисок врз Софија и Скопје

              ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за одржување на граѓански протест на 18 јуни

              Унгарскиот парламент го реизбра Орбан за премиер

              Trending Tags

              • ОПШТЕСТВО

                Анкета на Фронтлајн: Дали се потребни предвремени парламентарни избори

                СОНК и МОН ги усогласија ставовите, платите од септември ќе се зголемат за 15 проценти

                МПЦ-ОА и СПЦ ќе служат заедничка литургија во Белград

                Европски градови преименуваат улици и плоштади во „Улица Украина“

                ПРетседателот Стево Пендаровски, извор: Твитер профил на Пендаровски

                Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет

                Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава  

                Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

                17 мај, 2015 – 2022

                Во фокусот на ЦИВИЛ: Младите најмногу се дискриминирани според сексуалната ориентација, родовиот идентитет и економскиот статус

                Петровска: Одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

                Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

                Trending Tags

                • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • Категорија
                  • MIDNIGHT EXPRESS
                  • БЕЗ ФИЛТЕР
                  • БЛИЦ
                  • БРЗА ПОШТА
                  • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
                  • КОМЕНТАРИ
                  • ОД КОРНЕР
                  • ПОЕНТИ
                  • ПРАВНИ ПЕРСПЕКТИВИ
                  • РАФАЛ
                  Џабир Дерала

                  Жед за власт, по секоја цена

                  Џабир Дерала

                  Денот кога граѓан(к)ите дојдоа по својата слобода

                  Војо Маневски

                  Темелници

                  Добро утро со Орданоски

                  Аутопсија на еден „активен бојкот“

                  Добро утро со Орданоски

                  Дали ВМРО-ДПМНЕ ја „откачува“ Данела?

                  Војо Маневски

                  Дремење

                  Џабир Дерала

                  Сѐ си кажа Мицкоски, а и Данела ја пушти низ вода

                  Емануел Макрон

                  Макрон во поход за обединување на Европа?

                  Молк до 2024 година!

                  Тимоти Снајдер: Десет причини зошто победата на Украина е клучна за светот?

                  Trending Tags

                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА
                  No Result
                  View All Result
                  CivilMedia
                  No Result
                  View All Result
                  Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

                  Даниела Рангелова за изборите, црните пари во кампањите, семејното насилство, родовата еднаквост и медиумите (3)

                  Трет и последен дел од интервјуто со Даниела Рангелова за ЦИВИЛ МЕДИА во кое таа говори за тоа дали се потребни предвремени парламентарни избори, црните пари во кампањите и проблемот со безбедносните структури и несигурноста на државата. Таа говори и за семејното насилство и родовата еднаквост, како и за слободата на медиумите.

                  December 30, 2021 14:09
                  in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 10, ФОРУМ
                  Даниела Рангелова

                  Даниела Рангелова

                  Share on FacebookShare on Twitter

                  ПРВ ДЕЛ || ВТОР ДЕЛ

                  ЦИВИЛ МЕДИА: Дали сметате дека на нашата земја ѝ се потребни предвремени парламентарни избори?

                  РАНГЕЛОВА: Од аспект во ситуацијата во која се наоѓаме мислам дека не ни се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи виси едно отворено прашање, а тоа е билатералниот спор со Република Бугарија којшто мислам дека и во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните е да се реши сега. Но, јас не сум сигурна какви се капацитетите со кои ќе се располага и како навистина ќе се реши тој спор и тоа ќе зависи од многу аспекти, од начинот на тоа како ќе се однесува новата влада во Бугарија и каква ќе биде проактивноста на Владата на нашата држава. Тоа е сега моменталната состојба.

                  Но, ако сите кризи кои се надвиснати над Македонија се продлабочат, само по себе ќе дојде и очекувано ќе биде да има предвремени парламентарни избори. Дали ќе бидат летово или во октомври, тоа зависи како ќе се однесува владата. Сега како што се работите, очекувам да има предвремени парламентарни избори, иако не е добро бидејќи ако почесто има избори, тоа не е добро за граѓаните. Така беше и за време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ.

                  Треба да се остави цел мандат да се види една политичка гарнитура што може да направи. На следниот мандат којшто ќе го побараат, тогаш граѓаните ќе го кажат последниот збор „вие испорачавте, не испорачавте и фала многу, пријатно. Ќе останете или нема да останете“.

                  ЦИВИЛ МЕДИА: Кога зборуваме за изборите, слушнавме дури и од премиерот една изјава, а постојат и други извештаи и истражувања кои се однесуваат на говорот на омразата, на дезинформациите, на црната кампања кои се алатки на хибридните закани, кои чинат многу пари. Слушнавме и дека има и странски пари во кампањата. Дали имате сознанија дека такво нешто се случува или се случувало и дали тоа е тема во вашата партија? Дали можеби вашата партија користи такви средства и во смисла на финансии или пак алатки како што се говорот на омразата и дезинформациите?

                  РАНГЕЛОВА: Како се финансира тоа мислам дека е главен проблем на Владата, бидејќи смешно е да излегува премиер и да го каже тоа, а да не адресира каде е проблемот. Тоа е проблем и на безбедносните структури. Ако една Влада дозволила од други држави да се слеат пари што ќе делуваат, како што велите вие „хибридно“ и никој нема да го знае текот на тие пари за што ќе бидат наменети, тоа ја прави уште понесигурна државата. И тоа прашање секогаш се адресира на Владата – зошто, ако е така, не е санкционирано. Вака може да кажеме дека тоа се празни зборови, флоскули. Јас за тоа навистина би сакала да има докази.

                  Даниела Рангелова

                  Очигледно е дека има сајбер-булинг и дека за тоа треба пари, но од каде се финансирани, зборувам за сите политички партии, стварно не можам да знам, но очигледно безбедносниот сектор има проблем. Не може, ако некој е цел на сајбер-булинг и ако пријави во МВР, да му пратат мејл дека тоа е лична навреда и не се занимаваат со тоа.

                  Ова не е мала работа, ова не е работа за една индивидуа, ова е работа за станување порозно општество. Граѓаните ќе почнат да живеат со автоцензура и мислам дека не е здраво во 21 век да станеме автоцензурирано општество. Ако не го решиме тој проблем, еве уште еден предизвик за новиот премиер и новата Влада, ние сериозен проблем ќе имаме – кој ќе сака да се занимава со политика. И не зборувам само за политичарите. Со автоцензура се и бизнисмени, обични граѓани, медиумите.

                  Ние гледаме дека и медиумите се цензурирани, ако некој новинар излезе со некој текст или интервју што не им одговара, дали на власта или на опозицијата, тој буквално е масакриран на социјалните мрежи. И на крајот, луѓето се откажуваат и тоа мене многу ме обесхрабрува. Прв проблем е да ги решат безбедносните структури, граѓаните да не се чувствуваат заробени, да не се автоцензурирани.

                  Затоа, ова прашање мора да се реши и многу е несериозно да кажете „ова се случи имаше прилив на пари“. Па кај беа службите? Зошто не реагираа? Не можеме да користиме празни флоскули. И да е така, мора да докажете, мора да санкционирате, зашто ако сега тоа се случи, на следните избори може од било каде да се финансира. Мора да се реагира, бидејќи тоа ја прави државата несигурна, дека владее некоја анархија и дека немаме функционални институции. Ако имаме функционални институции, никој нема да се охрабри да го прави тоа, ниту да се финансира на тој начин, ниту така да атакува.

                  Во Бугарија имаше пример, каде што еден имаше говор на омраза, државјанин на Република Бугарија, заради автобуската несреќа што се случи, тој беше веднаш санкциониран. Кај нас имате на дневно ниво такви илјадници коментари и никој тоа не го тангира како тоа да не е проблем на општеството, ама тоа ја прави ранлива државата.

                  Даниела Рангелова

                  ЦИВИЛ МЕДИА: Во таа смисла, сајбер булингот, говорот на омразата, дезинформациите кои потоа имаат цел да предизвикаат уште говор на омраза, дискредитација на жените особено жените во политиката, во бизнисот итн. Тоа е една жестока ситуација во која жените се наоѓаат, почнувајќи од Вас, бидејќи сме биле сведоци за тоа колку често и со колку жестина се нафрлаат на Вас и во медиумите, а особено на социјалните мрежи. Знаеме дека жените во нашата земја се високо образовани и имаат силни капацитети кои, за жал, не се искористени. Гледаме колку градоначалнички имаме, дури и помалку од претходните избори. Од таа позиција, би рекол, горчливото искуство кое го имате и кое веројатно ви пречело на различни начини во развојот, во политичкото дејствување, што ќе им порачате на жените политичарки? Што ќе им порачате на жените, дали да се откажат од борбата, па нека им ја дадат 100 % моќта во рацете на мажите, или треба да направат нешто друго?

                  РАНГЕЛОВА: Не, треба да се охрабрат, заради тоа ако сме повеќе тогаш не може сите да ги напаѓаат и на крај тие ќе се откажат. Жените мора да бидат силни. Мене навистина ме загрижуваат невладините организации. И тие тактизираат со кого ќе соработуваат за случајно да не им се налутат големите политички партии, па потоа нема да им присуствуваат на настаните и ќе им пропаднат проектите. Треба да имаме една цел и да сме искрени, дали сакаме да го истуркаме ова или не.

                  ЦИВИЛ МЕДИА: Се надевам дека препознавате дека ЦИВИЛ не е во тој дел?

                  Не, затоа и дојдов, затоа што често ми велат – зошто одиш кај тие, тие се провладини. Јас велам – не сакам да живеам во општество во коешто треба да верувам дека еден интернет портал, медиум, телевизија… да ги делам на провладини и проопозициски, за мене тоа е деградирачки за општеството. За мене сите медиуми се исти. Мене кој медиум да ме покани јас со задоволство ќе присуствувам, без разлика колку ќе бидам атакувана, заради тоа што сакам да ја пренесам пораката.

                  Јас не верувам дека некој има лоша мисла ако покани некој политичар да присуствува и да ја говори вистината. Можеби некогаш тоа што ќе го кажеме на некој нема да му се допадне, но јас да сум на местото на тие што ги критикувам ќе ставам прст на глава и ќе речам можеби ова навистина треба да го променам, бидејќи јас не зборувам во мое име јас зборувам во име на жени кои се нашле во иста ситуација како мене.

                  Јас ги охрабрувам жените да ги има повеќе во политиката. Жалосно е што од 299 кандидати за градоначалници само 8% беа кандидати за градоначалнички и тоа малку станаа градоначалнички и тоа обесхрабрува. Но има и друго. Јас не мислам дека проблемот е само кај мажите. Најголемиот клиентелизам потекнува токму од жените, бидејќи кога ќе треба да се солидаризираат за вакви прашања. Сепак, тие остануваат да дадат поддршка на раководството да не ја изгубат својата позиција.

                  И на крајот, тие моментално ќе добијат, но за некоја година и тие ќе бидат тргнати на страна. Да не го прават тоа заради себе, туку да го прават за своите ќерки, внуки, пријателки, бидејќи ако се избориме за нашите позиции, само тогаш ќе имаме подобро општество. Едноставно, да имаме еднакви можности, бидејќи како што жена може да се навреди со сексистички напади, маж не може да се навреди.

                  Ова не треба да го решаваме со дебати, треба да се реши институционално. Имаше најави од министерот за правда некои измени во кривичниот законик каде што за говор на омраза требаше да има санкција и кривично да се одговара. Не знам до каде е тоа и зошто намерно се одложуваат тие, најверојатно секој што ќе говори во политичката партија различно од тоа што мисли раководството, најдобра алатка да се казни ете на тој начин.

                  Даниела Рангелова

                  Инаку ве подржувам со тоа што го правите, што ги детектирате дезинформациите, се надевам дека го правите објективно. Навистина разочарувачки е кога ќе слушнете нешто за вас, а тоа не е вистина и за било која друга политичка состојба. Се дозволува во медиумите да се пласира и тоа што треба и тоа што не треба, дури и кога ќе прочитате да не ви се верува што е пласирано а знаете дека не е така.

                  Добро е што се детектира, но има и едно друго ниво да се санкционира. Јас сум за слобода на говор, новинарите треба да имаат неограничена слобода на говор, бидејќи тие се седмата сила и тие се корективот на општеството, но секој треба да мери што ќе каже, што ќе напише, бидејќи од неговите зборови може да предизвика нешто што ќе има далекусежни последици. Затоа, секоја дезинформација да биде морално осудена, за да знае новинарот и заради неговиот личен авторитет и перспектива, дека во негов интерес е да ја говори вистината.

                  ЦИВИЛ МЕДИА: Да се надеваме дека ќе ве слушнат жените и дека ќе се солидаризираат и ќе имаат многу повисока видливост и гласност во наредниот период. Верувам дека се потребни уште многу борби и предизвици за да видиме една ситуација во која општеството е поправедно. Нема праведно општество без родова еднаквост. Кои се перспективите на Северна Македонија во 2022 година, од аспект на родовите прашања, но се разбира и политички?

                  РАНГЕЛОВА: Во извештајот од Европската комисија има нотирани добри забелешки дека е донесен законот за спречување на корупција и семејно насилство. Тој е одамна донесен, но има една забелешка – дали и колку Истанбулската конвенција за човекови права, нели веќе ја ратификувавме, се имплементира. Мислам дека тука фокусот е многу слаб.

                  Во време на пандемијата, имаше изразено семејно насилство за кое многу не се говореше во јавноста и мислам дека недоволно се санкционираше. Има навистина многу измени во Кривичниот законик но најчесто жените не се осудуваат да пријават семејно насилство, бидејќи се економски слаби. И во едно навидум сиромашно општество каде што не секој може да има парче леб, односно да има личен приход, малку жени се охрабруваат да пријават дека се жртви и тогаш бадијала постојат законите кога не можеме да ги применуваме во пракса.

                  Мислам дека еден од предизвиците е економското јакнење на жените и подобрување на нивниот животен стандард, за таа жена, која е жртва на семејно насилство, да може сама да се издржува и таа и нејзините поколенија, дечиња, бидејќи е тешко да се бориш дома со силни притисоци и со физичко насилство. Има и многу жртви кои завршуваат со смртен исход и тоа е пораз на општеството, не само во Македонија туку и во целиот свет.

                  Второ, правата на работничките. Еве, се говори за минимална плата, јас го поддржувам тоа – и да е 18.000 денари и 25.000 денари да е. Но има една друга реалност, каде што сите кажуваат дека работничките, особено во текстилната и кожарска индустрија, парите ги враќаат во плик. За тоа повторно се глуви и неми институциите и не санкционираат и тогаш работничките се откажуваат од правото да го пријават тоа. Не можеме да зборуваме дека нешто сме подобриле ако тоа навистина не е така. Не е проблем во Македонија носењето на законите, ние многу реформски закони донесовме, но што се имплементира во реалноста, не се применува во пракса.

                  Слободата на медиумите, мора да се најде правен начин како медиуми сами да се финансираат. Медиумите кои добиваат меѓународна поддршка всушност се независни медиуми и отворено говорат, но не може секој медиум да го овозможи тоа бидејќи финансиските средства не се доволни. Можеби треба да се размисли државата да ги финансира подеднакво медиумите за да можат тие слободно да говорат и да не се зависни, да не мора да исполнуваат некои услови дали сега владата ќе додели средства или нема да додели, па дали треба да и се додворуваат на владата или треба да критикуваат како опозиција. Тогаш само ќе имаме независно новинарство и независни медиуми и јаки новинари, бидејќи во Македонија има силни новинари коишто на крај се откажуваат да ја говорат вистината кога ги масакрираат, дали финансиски, дали на социјалните мрежи итн.

                  Даниела Рангелова

                  Имаше критика дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ новинарите не се чувствувале доволно слободни, но сега мислам дека новинарите се многу сиромашни. Не зборувам за сите, но има новинарски куќи кои на вработените не може да доделат пари за личен доход и тоа сериозен проблем на едно општество. Ние наместо да поттикнуваме да се развива седмата сила, ние ја гушиме.

                  Ако треба да се регулираат и портали, не да се задушат, напротив, да се поттикнат слободно да говорат, бидејќи тогаш ќе имаме подобра власт. Ако имаме силни и независни новинари ќе имаме и добра власт, граѓаните ќе бидат правилно информирани не дезинформирани, бидејќи граѓаните во Македонија секој ден се отруени од погрешни информации и за жал добиваат доза на труење и тоа труење прави страшна поларизираност во општеството и никогаш нема да можеме добро да живееме ако сме во една таква поларизирана состојба.

                  ЦИВИЛ МЕДИА: Во тој дух би сакал да ве поканам во има на организација и редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА, да пишувате повеќе, особено во доменот на охрабрување на граѓанките и граѓаните, на жените, новинарките и новинарите и слободните мислители.

                  РАНГЕЛОВА: Ви благодарам на поканата и драго ми е што има проактивно општество и проактивни новинари и проактивни политичари и најважно – со слух за народот.

                  Разговараше: Џабир Дерала
                  Камера: Атанас Петровски
                  Монтажа: Ариан Мехмети
                  Обработка на текст: Дехран Муратов
                  Фотографија: Горан Наумовски


                  Сите права се задржани.

                  Рангелова (1 ДЕЛ): Мицкоски го избраа негови блиски луѓе, во партиите владее клиентелизам, институциите не реагираат на говорот на омразата

                  Даниела Рангелова говори за времето на режимот на Груевски, стопроцентната контрола што ја наметнува Мицкоски и маргинализацијата на жените (2 дел)

                  Print Friendly, PDF & Email
                  Share33Tweet21Share
                  germanCoop
                  germanEmb
                  NED
                  CIVICA
                  hbs
                  govor

                  CIVILMEDIA NEWSLETTER

                  Uslovi
                  CivilMedia

                  СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА

                  Следете нè

                  No Result
                  View All Result
                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА
                  • ЗА НАС
                  • ИМПРЕСУМ
                  • КОНТАКТ
                  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
                  • МАРКЕТИНГ