• Latest

Дебата: Најголемиот родов јаз се уште во политичкиот живот, пандемијата само ги нагласи родовите разлики

April 8, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дебата: Најголемиот родов јаз се уште во политичкиот живот, пандемијата само ги нагласи родовите разлики

April 8, 2021 14:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се додека говориме за воспоставување родова еднаквост, значи не сме ја постигнале. Резултатите од акциските планови за родова еднаквост што побрзо да бидат видливи и претстои сериозна работа и битка со родовите стереотипи, со предрасудите, со инфериорната улога на жената во општеството. Најголемиот родов јаз се уште останува во политичкиот живот, а ковид-кризата само ја нагласи родовата нееднаквост. Ова беа дел од заклучоците од онлајн дебатата „Предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки“, чија цел е да се зајакне вклученоста на жените во политичкото одлучување.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека оваа дебата е одлична можност за Владата и за граѓанскиот сектор да се усогласат околу конкретни чекори за натамошно унапредување на родовата рамноправност.

-Принципот на рамноправност меѓу жените и мажите е основно човеково право и заедничка вредност во ЕУ и води се до Договорот од Рим, каде што се дадени основните правни аспекти на ова, што доведе во 2010 во Повелбата за жените, родовата перспектива ја прави дел од сите европски политики, рече Гир.

Сегашната политика, додаде тој, се води според новата Агенда за еднаквост на ЕУ, со која се настојува да се постигне заедништво на еднаквоста до 2025 година каде што жените и мажите, девојчињата и момчињата во сета своја разновидност да имаат слобода да го следат изборот во својот живот и подеднакво да учествуваа во општеството.

-Северна Македонија направи важни чекори преку Агендата и воведувањето на квотата во Парламентот за постигнување на 40 процентно учество на жените. Денешниот настан испраќа силна порака да стане реалност родовата рамноправност и заедничката акција на Владата и граѓанскиот сектор што се неопходни за мобилизирање на целосниот потенцијал на жените, при што Северна Македонија и Европа во целина ќе станат попросперитетно место каде што жените ќе бидат рамноправни членови, додаде евроамбасадорот.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека се додека говориме за воспоставување родова еднаквост, значи не сме ја постигнале.

-Значи општеството не го воспоставило оној баланс што природата успеала да го воспостави. Претстои сериозна работа, сериозна битка со родовите стереотипи, со предрасудите, со инфериорната улога на жената во општеството, која традицијата и условите во нашето општество ја воспоставиле во децениите и вековите наназад, нешто кое што сите ние денес преку вакви дебати се стремиме да го промениме и да воспоставиме родова еднаквост, рече Шахпаска.

Министерката за образование Мила Царовска рече дека образованието е база што сме ја пропуштиле со години, за да ја направиме основи за создавање родова рамноправност.

-Во периодот на комуникација за новата концепција за основно образование, се поставуваше прашањето дали министерката води граѓанска организација или институција. Ова прашање се  поставуваше затоа што трите основни столба за кои се застапува самата концепција се родова рамноправност, инклузија и културна интеграција. Една земја која се стреми кон ЕУ мора да зборува за родова рамноправност и инклузивно општество. Токму затоа носиме и такви закони во Собранието, а ако овие законски решенија и конвенции не се прелеат во сите документи посебно во основно и средно образование вие образувате граѓани кои нема да бидат подготвени да ги почитуваат вредностите кои уставно загарантирани и кон кои се стреми нашата земја, рече таа.

Истакна дека токму затоа концепцијата за основно образование поставува темели идните генерации да не се соочуваат со превоспитување и јакнење на јавната свест.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека ако не можеме акциските планови да ги носиме паралелно со видливите промени обично тие ќе останат хартија која сите ќе ја заборават.

-Еден дел од промените се брзи, но некои промени навистина се многу бавни. Ни требаат акциски планови, но можеме да направиме многу повеќе од акциски планови што долгорочно ќе ни го дефинираат патот. Во одбраната, не само во Македонија, туку генерално во светот, кога ќе го анализирате учеството на жените во темите како што се превенција на конфликти, безбедност ќе видите дека уште поневидливи се жените, тука бројките се уште помали, рече Шекеринска.

Додаде дека нашето отсуство на прашањата на безбедност е резултат на генералното отсуство на масата каде што се носат одлуки.

-А бидејќи прашањата на мир, војна, безбедност и конфликт, се прашања пар екселанс на политички маси на коишто се носат одлуките, нашето отсуство на масите на коишто се носат одлуки е највидливо во овие области, и затоа се стремевме во изминатите три години да дадеме кураж на жени и девојки и кои веќе работат во одбранбениот сектор, но исто така тие пораки да ги искористиме и кон девојките во државата коишто набљудуваат, гледаат и реагираат во зависност од сигналите што ги испраќаме, рече Шекеринска.

Истакна дека во Министерството за одбрана учеството на жени во структурата на вработени во Министерството секогаш била висока. -Меѓутоа, во периодот кога влегов како министер за одбрана ситуацијата беше дека од раководители на сектори, имаше само една жена. Сега десет жени раководат со сектори и тоа во прилично рестриктивна ситуација, практично и да не сме имале нови вработувања во секторот за одбрана. Напротив вкупниот број на вработени се намали како резултат на реформите. Меѓутоа, ова покажува дека има простор да влијаете не само како министерка, туку како човек што сака да ги извади на површина капацитетите на државата што ги поседува и второ, дека во принцип треба да го правиме системот да биде флексибилен, да може нови луѓе да добиваат шанса, рече Шекеринска.

Министерката за култура Ирена Стефоска истакна дека раководната структура во Министерството за култура ќе ја преземат жени, при што шест сектори во Министерството во кои немало раководители, со внатрешни поместувања, тие сектори ќе ги водат жени, кои се докажани во својата работа.

-Слично како и образованието и културата се гледа како женска област и женска работа. Но тоа повеќе е на едно стереотипно ниво, од една страна, од друга страна ќе наведам само неколку податоци за да ја отсликам раководната структура во институциите во Министерството за култура, и од таа гледна точка, независно од стереотипноста и сфаќањата за културата, бројките се охрабрувачки. Во раководните структури на националните институции на културата, 48 проценти се жени директорки, рече Стефоска.

Марија Ристевска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики рече дека во оваа економска и здравствена криза родовиот јаз ги зајакна и истакна разликите покажувајќи дека нејзиното влијание врз мажите и жените е асиметрично.

Начинот на справување со кризата и процесите на дигитализација што се започнати, посочи таа, се закануваат уште повеќе да влијаат на жените, отколку на мажите, и на тој начин да се загрози повеќедецениската работа на особено економското јакнење на жените.

-Центарот уште минатата година предупреди дека без воведување родова перспектива може да имаме разорувачко влијание на родовата еднаквост на оваа криза. Ова го покажува и најновиот извештај на Светскиот економски форум којшто низ бројки покажа дека родовиот јаз се зголеми за 135,6 години. Ако во 2020 ни требаше 99 години да го намалиме јазот меѓу мажите и жените којшто е постоечки со ова темпо на реформи, во 2021 после Ковид годината, овој јаз се зголеми на 135,6 години кои ни се потребни за да постигнеме еднаквост меѓу маите и жените. Најголемиот јаз останува во политичкиот живот, рече Ристевска.

Дебатата се организираше во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Низ женски леќи: поткревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ и претставува завршен настан за кампањата што проектот ја спроведе во периодот од 8 март до 8 април 2021 година – Месец на родова еднаквост во носењето одлуки.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ