ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР е јавен настан на ЦИВИЛ што ќе се одржи денеска во Тетово, со почеток во 13:30 часот, во просториите на невладината организација „Подобро за Тетово“.
Локалните лидери во заедниците, граѓанските организации, претставниците на политичките партии и независните кандидати, институциите, медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да проследат неколку јавни пораки и презентација на проектот ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР – стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани во земјата, Западен Балкан и Европа.
По презентацијата, присутните ќе имаат можност да разменат идеи и искуства, и да ја зајакнат демократската отпорност во пресрет на вториот круг од локалните избори. ЦИВИЛ ги поттикнува сите општествени и политички актери, преку отворен дијалог и меѓусебно запознавање да придонесат кон демократски и фер изборен процес и да создадат демократски заедници отпорни на авторитарните тенденции и хибридните закани со кои денес се соочуваат демократските општества.
Организацијата најави дека средбата ќе трае еден час.
Настанот е дел од проектот Демократски навигатор што го спроведува ЦИВИЛ и е посветен на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, вклучително и во изборен контекст. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ЦИВИЛ Тим за комуникации












