• Latest

Дендиас: Грција е најблискиот партнер на Северна Македонија во регионот без скриени агенди

December 15, 2022
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка во 21 часот

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
Скриншот од ДИК

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%, највисока во Вевчани- 61,84 %

October 19, 2025

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето со напади вон договорената линија на повлекување, ИДФ одговори со воздушни напади

October 19, 2025

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дендиас: Грција е најблискиот партнер на Северна Македонија во регионот без скриени агенди

December 15, 2022 16:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш може да сметате на нашето пријателство и секогаш може да сметате на нашата поддршка, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, додека пак министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи истакна дека односите меѓу двете земји претставуваат вистински пример за добри соседи и како се гради стабилно и долготрајно партнерство, базирано на взаемна доверба и почитување, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас и Османи денеска се сретнаа во грчкото МНР, средба на која беа потврдени одличните билатерални односи во сите области, се осврнаа и на можностите за дополнително продлабочување, а уште еднаш беше изразена грчката поддршка за ЕУ – перспективата на нашата земја.

-Сакам да ја изразам мојата благодарност за грчката поддршка за нашата европска интеграција, која што очекуваме да продолжи и за време на преговорите со ЕУ и преку одлуките во европските тела, како и преку споделување искуства, истакна Османи.

-Политичката меѓувладина конференција испрати јасна порака, не само за Северна Македонија, туку и за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. И ние целосно веруваме и се стремиме кон тоа иднината на целиот Западен Балкан да е во Европската Унија, рече Дендиас и додаде дека не се дозволени ревизионистичките аспирации на Западен Балкан.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека „Грција е најблискиот партнер на Северна Македонија во регионот без скриени агенди”, додека пак Османи потенцираше дека „имаме договор за стратешко партнерство, Договорот од Преспа чие доследно спроведување претставува основа за понатамошна соработка и дополнително зајакнување на нашите блиски односи”.

-Добрите политички односи меѓу двете земји, исто така, создадоа нови услови за развој на економската соработка. По потпишувањето на договорот, вкупната трговска размена меѓу двете земји се зголеми за речиси 100 проценти. Во 2019 имавме трговска размина од 840 милиони евра, оваа година се предвидува дека трговската размена ќе надмине 1,6 милијарди евра. Ова, секако се одлични резултати, но убеден сум дека можеме да одиме уште напред, рече Османи, и ги спомена и директните грчки инвестиции во Северна Македонија, кои се над половина милијарди евра.

Дендиас рече дека разговарале за билатералната соработка во енергетиката, економијата, одбрана, поврзаноста, како и „за стратешката важност на интеконекторот” меѓу двете земји, но и за воената соработка , а му честиташе на Османи и за усогласувањето со европските политики за безбедноста.

Во фокусот на разговорите беше и претстојното претседателство со ОБСЕ на Северна Македонија, за кое Дендиас му упати честитки на Османи, му посака успех, но исто така изрази и убеденост дека ќе биде успешно и дека „Северна Македонија ќе направи најдобро што може”, паралелно повторувајќи ја и грчката поддршка.

-Сакам јавно да кажам дека целосно ќе ве поддржиме, истакна Дендиас.

Османи ја посочи важноста на улогата на ОБСЕ за мирот и стабилноста.

-Земајќи ги предвид актуелните околности, преземаме голем предизвик со претседателство со ОБСЕ во 2023 година, бранејќи ги принципите и обврските на ОБСЕ за безбедноста и безбедносните прашања, рече Османи, додавајќи дека потребна е поддршка од сите членови, од сите партнери за зајакнување на улогата на ОБСЕ во гарантирањето на мирот и стабилноста

Говорејќи за регионот, рече дека Србија и Косово се соочуваат со тешки предизвици, но, истакна дека не само регионот, туку и Европа поминува низ најлоша криза досега.

Двајцата министри во изјавите по средбата се осврнаа и на руската инвазија во Украина, Дендиас ги спомена и односите на Грција со Египет и Турција, велејќи дека ќе го брифира Османи за време на ручекот за турската реторика во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека ова е трета билатерална средба со Османи во последните седум месеци, а по изјавите за медиумите, двајцата министри, разговорите ги продолжија на работен ручек.

Шефот на дипломатијата Османи, од грчкото МНР попладнево ќе замине во Министерството за животна средина и енергетика на Грција, каде ќе се сретне со министерот Костас Скрекас.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар ОсманиМНРНикос ДендиасОБСЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    171 shares
    Share 68 Tweet 43
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ