• Latest

Денес е Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

January 4, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Денес е Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

January 4, 2022 11:22
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter
По повод Меѓународниот ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид, Коалицијата „Менуваме“ соопшти дека илјадници лица во земјава не го знаат Брајовото писмо и дека тоа е, како што велат, невидливо во институциите на државата, како и во образовниот систем, освен во училиштето за слепи „Димитар Влахов“ во Скопје.

-Никаде во институциите во државата не е видливо Брајовото  писмо, што е надвор од Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп и Уставот на Македонија. Коалицијата „Менуваме“ веќе изнајде начин како ова право на лицата со попречен вид да им стане достапно согласно Агенда 2030. „Не оставај никој зад себе  – види ме“ е еден од водечките принципи на Агендата 2030 и на целите за одржлив развој. Во нашиот нов регионален проект ќе работиме на поттикнување на регионалното учење и размена на искуствата од достигнувањата од Агендата, соопшти коалицијата „Менуваме“.
Принципот „Не оставај никој зад себе – види ме“, посочува коалицијата, ќе им помага на надлежните во земјава и во регионот  во дизајнирање и водење социјален дијалог за целите за одржлив развој.
– Иницијативата вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попречен вид и обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, на локално и на национално ниво, се наведува во соопштението на „Менуваме“.
Меѓународниот ден на образование на слепите се одбележува на 4 јануари кога е роден францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измислил системот на испакнати точки, чии комбинации им овозможуваат на слепите да  читаат.
Образованието на слепите и лицата со оштетен вид почнало да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, а било комплетирано со пронајдокот на Луј Брај. Тој во 1825 година ја измислил релјефната шестоточка, која била основа за креација на релјефното писмо на слепите. Оттогаш низ светот се отвораат голем број  училишта за слепи лица.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ