Денес во Центарот на Скопје, свечено се отвори „Алејата на Украина“ на улица Никола Кљусев, на која беше организирана изложбата на фотографии која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина.
На отварањето се обратија Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Амбасадорката на Украина Лариса Дир и Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.
На следниот линк погледнете ја галеријата на фотографии од настанот.
М.Д.