Руските окупатори се борат против објективното покривање на нивните воени злосторства во Украина, најмалку 35 новинари веќе се ранети, изјави комесарот за човекови права на Врховната Рада, Људмила Денисова, а пренесе Интерфакс Украина.
Според неа, тројца новинари се веќе убиени. Меѓу нив се и украинскиот воен дописник Виктор Дудар (убиен за време на борбите кај Миколаев), снимателот на украинскиот телевизиски канал во живо Јевхен Сакун (убиен за време на ракетните напади во Киев) и американскиот документарен новинар Брент Рено (убиен на контролен пункт во Ирпин. регионот Киев).
Многу новинари беа ранети од целното гранатирање на непријателот. Конкретно, кон оклопниот автомобил со ознака „прес“ на швајцарскиот новинар Гијом Брик за време на движењето кон Миколаев бил пукано од руската војска. Новинарот е ранет. Двајца новинари од чешкото издание на „Вокспот“, Маида Сламова и Војтех Богач, исто така беа на удар на руските војници. Двајца дански дописници од Екстра Бладет, Стефан Вајчерт (новинар) и Емил Филтенборг Микелсен (фотограф-репортер) се здобиле со прострелни рани.
Руски војници ја нападнаа екипата на британската телевизиска групација Скај њуз. Главниот дописник Стјуарт Ремзи и неговите четворица колеги беа нападнати од заседа додека се враќаа во Киев. Куршумот го погодил Ремзи во грбот, а камерманот на Ричи Моклер се спаси со панцир кој бил застрелан двапати.
Народниот правобранител, исто така, рече дека мета биле и телевизиските инфраструктурни објекти. Непријателот се обиде да ги уништи телевизиските кули во Киев, Луцк и Ривне и ги зазеде телевизиските кули и студија во привремено окупираните градови.
„Убиства и пукање на новинарите е грубо кршење на Хашките конвенции и декларации, Женевската конвенција за заштита на жртвите на војната и нејзините дополнителни протоколи, како и Конвенцијата за законите и обичаите на копнено војување, која воспоставува безбедност за новинарите. Ги повикувам меѓународните организации за човекови права да го зголемат притисокот врз Русија да стави крај на воената агресија врз Украина“, рече Денисова.
Превод: Жорж Димовски