• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Потврдена ослободителната пресуда за Мијалков, позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, Украина регистира над 72.000 руски воени злосторства од почеток на инвазијата

March 23, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Потврдена ослободителната пресуда за Мијалков, позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, Украина регистира над 72.000 руски воени злосторства од почеток на инвазијата

March 23, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Апелација ја одби жалбата на ЈО, потврдена пресудата на Кривичен за „Тортура“

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „Тортура“ и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје. Како што информираат од Апелациониот суд, Советот утврдил дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување и не содржи суштествени повреди на одредбите на Законот за кривична постапка.

Судечкиот совет на чело со судијката Александра Ристеска изрече ослободителна пресуда во предметот „Тортура“ за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот командант на полициската единица „Алфа“, Ивица Анчевски – Пуки и петмината „алфи“, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани. Според Советот, јавниот обвинител, Љубомир Лапе, не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делото „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“. Случајот се однесуваше на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по тогашните парламентарни избори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ангеловска-Бежоска: Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, но мора да задржиме мудри монетарни политики

„Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани е во опаѓачки тренд, но сепак мора да ги задржиме мудрите монетарни политики, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација. Во овој тренд можеме да видиме дека дестабилизацијата и инфлацијата коинцидираа со олеснување на некои влијанија, барем според анкетата на Европската Унија за очекувањата. Гледаме и намален удел на компонентите во ЦПА во високата инфлација од 10 проценти и повеќе“, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“. што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во близина на Бахмут, руската армија губи значителни сили, а многу наскоро вооружените сили на Украина ќе ја искористат оваа можност, како што направија во близина на Кијив, Харкив, Балаклија и Купјанск, пренесува Укринформ.

*

Украинскиот јавен обвинител соопшти дека над 72.000 руски воени злосторства регистрирани во Украина од почетокот на инвазијата.

*

„Моќта на молитвата во овој свет месец Рамазан нека ни помогне да ја исчистиме Украина од руското безбожно зло, од оние кои навистина не веруваат во ништо, и затоа се способни за таков терор. Нека започне следниот Рамазан во мир и на целата украинска земја ослободена од Русија.“, напиша на својот профил на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски во честитката за месецот на рамазанските пости.

*

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на својот Твитер профил се заблагодари на неговата Исландска колешка, Тордис Колбурн за признавањето на Хлодоморот како геноцид.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Српска листа нема да учествува на локалните избори, Германија порачува – ако нема учество на избори, нема Заедница

ИНТЕРВЈУ

Тунева: Со навремени информации на институциите да се спречат дезинформациите

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДЕМАНТ Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека не е точно оти има пратеници од владејачкото мнозинство, односно од СДСМ, кои се против уставните измени. Според него, тоа што го кажува опозицијата нема реална основа. Процесот на устави измени, вели Ковачевски, не може да биде процес на уцени и на дневна политика, туку тоа треба да биде процес на широк, општествен и политички консензус.

ПОСЕТА Сојузната министерка за надворешни работи на Германија Аналена Бербок, денес, престојуваше во официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

РЕГИОН Во Брисел почнува дводневниот Самит на ЕУ, а една од темите на разговор меѓу европските претставници ќе биде и разговорот во Охрид меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и европските посредници.

ОБВИНУВАЊЕ Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљаш, појаснувајќи дека за тоа не постои правна основа. Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Минатиот петок судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство сторено со илегално депортирање на стотици деца од Украина.

АНТИКОРУПЦИЈА Потпишана Декларација на жени лидери за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа

СЛОБОДНА ЗОНА

„Една деценија по завршување на Студената војна, обединувањето на Европа и ширењето на демократијата нa југо-исток во некогашните држави на „источниот блок“, сè уште беше жив ентузијазмот дека се гради нов, отворен демократски свет. Во таква атмосфера, редакцијата на New Balkan Politics, одлучи да го публикува текстот на Требст, во своето издание 6/7 од 2003 година. Очекувавме интерес, пред сè, на стручната јавност, дури жешка полемика. Немаше никаква реакција. Тишина. Никој не сакаше ништо да каже околу прашањето зошто Бугарија го оспорува нашиот национален идентитет и јазик, иако можеше да се претпостави, барем кај упатените, дека еден ден оваа тема ќе дојде на дневен ред“, пишува професорката Марјана Милеска во „Историско ремек-дело“.

„Во релациите, опишани во овие редови, како и во културата, уметноста, спортот – државата поарно ич да не се плетка, за да не ги забрка, како ова со сигналиве телевизиски. Нека си остави сè на „пазарот“, на колегијалната соработка на новинарите и медиумите, на културните дејци и нивните институции, на спортистите и на нивните клубови“, пишува Зоран Иванов во „Одговорите не се во одговорите, туку во прашањата“.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ