• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српска листа нема да учествува на локалните избори, Германија порачува – ако нема учество на избори, нема Заедница

March 23, 2023

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српска листа нема да учествува на локалните избори, Германија порачува – ако нема учество на избори, нема Заедница

March 23, 2023 11:33
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на  локалните избори за четири општини на северот на Република Косово, Српската листа не се пријави за учество. Од Германија порачуваат дека доколку нема избори, нема да има ниту заедница.

Ова е само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Радио Европа е Лире: Српската листа не се пријавува за учество на изборите на северот на Косово

„Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово во средата соопшти дека ниту еден политички субјект не се пријавил за учество на вонредните избори за четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово.

Овие избори е предвидено да се одржат на 23 април, по нивното одложување во декември минатата година, на барање на меѓународната заедница.“, пренесе Радио Европа е Лире.

Газета Експрес – Германија со јасна порака: Ако нема учество на избори, нема ниту Заедница

„Германија денеска јасно стави до знаење дека без учество на косовските Срби на предвремените локални избори што ќе се одржат во четирите општини на северот на земјата, нема да има создавање на Заедницата . Ваква изјава во Белград даде Карстен Мајер-Вифхаузен, заменик шеф на мисијата на германската амбасада во соседната земја.“, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.

Телеграфи – Ховениер: САД ја поддржуваат транзицијата на КБС во територијална одбранбена сила

„Американскиот амбасадор во Косово, Џеф Ховениер, изјави дека Соединетите Американски Држави целосно ја поддржуваат транзицијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во мултиетнички територијални одбранбени сили.“, пренесе Телеграфи.

Дугаѓини – Џозеф: Администрацијата на Бајден мора да ја убеди Украина да го признае Косово, има три витални чекори кон основата на успехот

„Во анализа за „Форин полиси“, професорот Едвард  Џозеф идентификува три точки преку кои Србија не може да ги избегне обврските од договорот постигнат во Охрид, наведува дека можен пристап би било признавањето на Косово од Украина.“, пренесе косовскиот медиум Дугаѓини.

АЛБАНИЈА

Албеу: Илегалните имигранти „жешка“ тема, Рама заминува во Британија, средба со Сунак и други официјални лица

„Албанскиот премиер  Рама денеска отпатува за Лондон, каде ќе има тридневна официјална посета. Рама во четврток ќе се сретне со премиерот Сунак и ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Во фокусот на дискусиите се очекува да биде договорот меѓу двајцата за илегалната имиграција, но и постигнувањето на други договори главно од економска природа и прашања од безбедноста и борбата против организираниот криминал.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

КОЛУМНА

ИНА: Ќе имаме ли вистинско лидерство!

„Но, да се спуштиме на наш терен. Се зборува за декриминализација од двете големи партии бидејќи во парламентот има извалкани пратеници кои се вмешани во коруптивни афери, отворено пред неколку дена изјавија од американската амбасада. Иако никој од широката маса на интелектуалци и народ не прифаќа дека претставниците на народот (пратениците) се избираат по список! Кандидатите не се натпреваруваат меѓу себе, туку поставуваат листи, се среќаваат двајца лидери и одлучуваат за апсурдноста на народните избраници да не се избираат директно, туку народот да гласа за листа што ја презентираат двајца партиски лидери!“, извадок од колумната „Ќе имаме ли вистинско лидерство!“, од авторот Бардул Бербери, објавена во дневникот ИНА.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиБританијаизборИмигрантиКосоволокални избориРамарегионСрпска листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ