• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Стартува изградбата на Коридор 10-д; Канческа Милеска ослободена за „Тендери“; државна матура сепак ќе има на 27 мај

May 12, 2023
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Стартува изградбата на Коридор 10-д; Канческа Милеска ослободена за „Тендери“; државна матура сепак ќе има на 27 мај

May 12, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски: Со Коридорот 10-д ја позиционираме државата на инфраструктурната карта на Европа, отвораме можности за нови бизниси и работни места

„Чест и задоволство ми е што денеска го означуваме почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава на Коридорот 10-д, преку подготвителните работи, кои веќе можете и да ги забележите, тука на оваа траса, на идната автопатска делница Прилеп-Битола.

Ова е проект којшто е од национален и стратешки интерес за државата, од кој придобивка ќе имаат граѓаните, економијата и државите коишто ги поврзува овој Коридор. Изградбата на Коридорот 10-д е траен влог и наследство за идните генерации“, истакна премиерот Димитар Ковачевски, по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д, кој заедно со Коридорот 8 е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата.

„Драго ми е што и нашите стратешки партнери САД, ја препознаваат важноста на владините политики што ги преземаме за развој на инфраструктурата, особено бенефитот што ќе го има не само нашата држава, туку и соседните држави од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект, Коридорите 8 и 10-д. И за време на мојата работна посета на САД, добивме силна поддршка и беше изразено огромно задоволство, што токму конзорциум „Бехтел и Енка“, составен од американска и турска компанија е изведувач на овој стратешки проект“, рече Ковачевски.

Инвестиција, со чијашто реализација нашата држава конечно од кружен тек на Балканот станува вистинска крстосница на Балканот. Инвестиција, со којашто Северна Македонија ја позиционираме на економската и инфраструктурната карта на Европа. Тоа што беше многугодишна стратешка определба на многу влади, оваа Влада денес го реализира.

„Денес проверував еден факт, а тоа е дека од осамостојувањето на нашата држава, скоро во 90% од времето министри за транспорт и врски биле или од Прилеп или од Битола или од Ресен и никогаш не го направиле автопатот меѓу Битола и Прилеп. Затоа министер од Штип, Благоја Бочварски заедно со Ејуп Рустеми ќе го направат автопатот од Прилеп до Битола или од Битола до Прилеп, како милуваат граѓаните“, рече Ковачевски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел кој нема никој да го сопре. Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту Свети Мицко ќе може да го запре овој прект. Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите. Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија. Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај“, потенцира вицепремиерот Артан Груби, од обраќањето во Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10 д.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Во Основниот кривичен суд Скопје, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска беше ослободена од вина за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Канческа Милевска која беше првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“.

ОБРАЗОВАНИЕ Матурата ќе се реализира на 27 мај, како што беше планирано, откако вработените во Државниот испитен центар одлучија штрајкот да го стават во мирување.

ИНТЕРВЈУ „ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор, мора да го почитуваат Уставот како една од најголемите партии во земјата. Без разлика дали ќе останат во опозиција или ќе дојдат на власт, мора да го почитуваат. Дури и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно кажа дека нема назад од тоа“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

ПОЖАР Мостот „Беласица“, кој ги поврзува Железничката станица и Трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, а кој синоќа беше опожарен, ќе биде целосно затворен за сообраќај додека не се утврди колкава е нанесената штета и дали е безбеден за поминување, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

НАТО Ниту една друга голема сила нема 30 пријатели и сојузници како што САД имаат во НАТО. Ниту Русија, ниту Кина немаат нешто слично. И заедно, НАТО сојузниците претставуваат 50 отсто од светската воена моќ и 50 отсто од светската економска моќ. Така што, дури и САД, кои се секако убедливо најголемиот сојузник, имаат потреба од пријатели. Ако победи претседателот Путин, тоа е трагедија за Украинците и опасно за сите нас, вклучувајќи и за САД,, рече лидерот на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Вашингтон Пост.

МЛАДИ Токму поради немањето доволно време и несериозниот пристап кон нив, децата едноставно се повлекуваат, се затвораат во себе и не разговараат за своите проблеми. Едноставно стануваат „темпирана бомба“. За сите односи на релација родител-дете кои можат да бидат причина за агресивност кај денешните деца, за насилничкото однесување на децата и адолесцентите, за влијанието на мобилните телефони и социјалните медиуми врз менталното здравје на најмладите, тимот на ЦИВИЛ разговараше со проф. д-р Силвана Марковска-Симоска, детски и адолесцентен психијатар и научен соработник во МАНУ.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Голема експлозија во привремено окупираниот Мелитопол, руските воени блогери јавуваат за успешна украинска контраофанзива кај Бахмут.

*

Како што пренесува Еуромаиданпрес, полскиот Сенат едногласно усвои резолуција за членство на Украина во НАТО, пренесува Polskie Radio. Резолуцијата ги истакнува безбедносните гаранции, „вонредната процедура“ за пристапување во НАТО, самитот во Вилнус и поддршката за Украина.

АЛ-ПРЕС

Кандидатот на опозицијата за Општина Химара синоќа доцна е уапсен под сомнение за корупција на избори, албанската полиција ги соопшти мерките за локалните избори на 14 мај, косовските медиуми го објаснуваат хрватскиот модел на „Заедница“… Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешниот избор од албанските медиуми.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Новата турска влада предводена од сегашната опозицијата нема да мора да се приклучи на западните санкции, но би била посериозна во спречување на Русите да ги заобиколат.

Но, Ердоган, исто така, се покажа дека е лош губитник кога резултатите одат против него. Кога политичкиот ривал победи на изборите за градоначалник на Истанбул во 2019 година, Ердоган тврдеше дека резултатот е фиксиран и нареди повторување. И иако, во таа прилика, на крајот го прифати резултатот, постои загриженост дека нема да биде толку разумен ако во недела гласањето не му оди во прилог. Турскиот министер за внатрешни работи веќе постави основа за оспорување на исходот тврдејќи дека опозицијата е дел од западниот „обид за политички пуч“.

Тоа сугерира дека, дури и да победи опозицијата, нема гаранција дека ќе го видиме грбот на Ердоган“, пишува Драган Мишев во анализата „Ердоган: Султанот – свингер, внатрешниот непријател на НАТО“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ