• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Уапсен кандидатот за градоначалник на Химара; 5511 полицајци ангажирани за изборниот ден во Албанија; што содржи хрватскиот модел на „Заедница“

May 12, 2023
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Уапсен кандидатот за градоначалник на Химара; 5511 полицајци ангажирани за изборниот ден во Албанија; што содржи хрватскиот модел на „Заедница“

May 12, 2023 11:46
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот на опозицијата за Општина Химара синоќа доцна е уапсен под сомнение за корупција на избори, албанската полиција ги соопшти мерките за локалните избори на 14 мај, косовските медиуми го објаснуваат хрватскиот модел на „Заедница“… Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешниот избор од албанските медиуми.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Кандидатот на опозицијата за Општина Химара е уапсен

„Кандидатот на коалицијата на Сали Бериша и Илир Мета „Заедно победуваме“ за  Химара, Фреди Белери, беше уапсен од полицијата нешто по полноќ во кафеана во Химара.

Белери е обвинет за активна корупција на избори и според член 328 од уставот ризикува затворска казна до 5 години.“, пренесе Телеграфи.

На терен ангажирани 5511 полицајци/ Мерки за изборите на 14 мај, Јаупи: Се истражуваат повеќе случаи на купување гласови

„Државната полиција ги соопштува мерките за непречено одвивање на процесот на гласање и пребројување на гласовите на 5211 избирачки места, 92 КЗАЗ и 92 ВНВ.

Во одбраната ќе бидат земени 57 значајни објекти , со ангажман на 192 полицајци од силите „Командо“.

Директорот на Одделението за јавен ред и безбедност при ДППСХ, Ребани Јаупи, во изјава за медиумите најави дека се истражуваат повеќе случаи поврзани со сомневање за купување гласови, но не соопшти повеќе детали поради доверливоста на истрагите.“, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Газета Експрес: Што треба да знаете за хрватскиот модел?

„Заедничкиот совет на српските општини (Заједничко вече општина – ЗВО), ги сумира општините во кои живеат Срби на истокот на Хрватска, е моделот што премиерот на Косово, Албин Курти, го даде како предлог во Брисел за Здружението на Општини со српско мнозинство.

Тоа е демократски избран политички, советодавен и координативен механизам кој има „самоуправувачки“ овластувања за прашањата за граѓанските и националните права на Србите, како и за прашањата за нивниот идентитет, култура, учество и интеграција во хрватското општество. Заедничкиот совет на српските општини може да биде здружение на граѓани кое, според хрватското право, може да го формира било кое од три лица – тој е формиран врз основа на меѓународни документи како што е Договорот од Ердут и одлуката на Владата на Хрватска. Што значи дека тоа не претставува територијална единица.“, пренесе Газета Експрес.

Бота Прес: „САД и ЕУ сакаат да го поделат Балканот на три области на влијание, Албанци, Срби и Хрвати“ – дали Берлин ќе го прифати ова?

Претходната стратегија на Западот на Балканот се унзадува. САД и Европската унија, од една страна, ја поддржуваат борбата на Украинците за демократски и западни вредности, а од друга страна, на Балканот прифаќаат етнонационалистички позиции, надевајќи се дека ќе го ограничат влијанието на Москва.

Ова е тезата изнесена во написот на Тагесцајтунг од страна на високиот дописник на тој весник од Берлин од регионот, Ерих Ратфелдер.

„Долго време западната стратегија беше да се демократизираат земјите од Западен Балкан и да се запознаат со заедницата на вредности на Европската унија. Според некои американски критичари, ова е напуштено“, пишува весникот, цитирајќи го мислењето на политикологот Јануш Бугајски, кој оценува дека „демократизацијата на општествата, справувањето со минатото и човековите права на крајот повеќе не играат никаква улога“, пренесува Бота Прес.

Економиа Онлајн: Позитивниот извештај на Светска банка ги зголемува надежите на Косово за членство во ЕУ

„Светска банка даде позитивен извештај за Косово за стапката на намалување на сиромаштијата и зголемувањето на приходот по глава на жител. Според извештајот, Косово успешно преминува од моделот на зголемена зависност од странска помош. Светска банка процени речиси 50 % зголемување на приходот по глава на жител и намалување на сиромаштијата за 35%, што покажува успешна транзиција од модел на раст заснован на голема зависност од странска помош.“, пренесува Економиа Онлајн.

КОЛУМНА

Пресонлајн: Турција ќе биде навистина слободна само без Ердоган на чело

„По повеќе од 20 години на власт, за прв пат, оваа недела, Ердоган може да ги загуби изборите. Анкетите укажуваат на трка од глава до глава. Често во анкетите опозицијата има благо водство. Ердоган изгледа загрижен, па почна да користи агресивен јазик, нарекувајќи ги своите противници измамници, пијаници и хомосексуалци.“, пишува авторот Енвер Робели, во колумната „Турција ќе биде навистина слободна само без Ердоган на чело“, објави Пресонлајн.

Д. Тахири

Tags: албаснки медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ