ВЕСТ НА ДЕНОТ
Условни пресуди за обвинетите директори за пожарот на модуларната болница во Тетово
Тетовскиот суд денеска изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во Модуларната болница во Тетово. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“, пренесе МИА.
Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
-Регионот веќе направи позитивни движења, сега е време ЕУ интеграцијата да земе полн замав. Дојдено е време за сериозен план за проширување од страна на ЕУ. Конкретен план со кој ЕУ ќе покажи дека не само со зборови, туку и со дела е фокусирана на евроинтеграцијата на регионот. Ние ќе испорачаме реформи и тешки одлуки, а ЕУ да испорача членство до догледно време, вели Маричиќ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СРЕДБА Најавената средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ќе се одржи во среда во Клубот на пратеници, соопшти владината прес-служба.
ИНТЕГРАЦИИ Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во Будва. Ова е последен министерски состанок во рамките на црногорското претседавање, пред преземање на претседавањето од страна на Република Северна Македонија, на 1 јули.
ПРАВДА Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието.
ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
Резников вели дека Бахмут останува под контрола на Кијив, Пригожин потврдува дека Украинците ги задржуваат позициите во југозападниот дел на градот.
*
Руските доброволци од РДК и ЛСР извршија уште една ограничена акција во Белгородската област, заробените руски војници ќе ги испратат во Украина.
АЛ-ПРЕС
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави прирачник со девет точки за постигнување нормализација, траен мир и стабилност во Косово. Во интервју за „The Geopost“, косовскиот премиер Курти посочи дека Ноќни волци и Вагнер биле на Балканот, додавајќи дека имаат информации дека во текот на месец декември биле и на северот на Косово.
Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Hi, bye avela nilaj, kertuke shema vazde to vas em vikin so shaj… (Здраво и чао, доаѓа лето, направи си шема крени ја раката и викни колку што можеш… декември 2021), ова се стиховите од амaтерското рапување на 19-годишниот Мемет Камбер, кој почина пред десетина дена во болница, без никакви лични документи, буквално како да не постоел. За жал неговото тело сѐ уште е во капелата во Бутел.
Avela nilaj em vikin so shaj, (доаѓа лето и викни колку што можеш), гласеше пораката на Мемет, летото тивко доаѓа, а ушто погласен е молкот на институциите и системот.
Да се вратиме на Мемет и „невидливите“ за системот како него. Мемет нема веќе можност да сонува дека некогаш ќе биде познат рапер, (преку рапување да ја презентира вистината, своето животно патешествие, инспириран од неисцрпните патеки на животот), но неговиот сон да ги смени работите на подобро, не смее и не може да заврши. И нема да заврши, бидејќи #СитеСмеМемет!“, пишува Дехран Муратов во колумната „Мемет ни на небо, ни на земја!“.
„Како ги дриблам, а?
Тој уште се надева дека ќе ги закопаме секирите и ќе пушиме луле на мирот. А бе тотален аматер!“, гордо нагласил Мицкоски.
„Шефе, алал вера! Сите научија каков финтаџија сте, нема муабет за тоа. Но, нели е добро да размислиме уште за инаетов што го тераме? Ние ништо не предлагале, само тврдоглаво НЕ кажуваме. Ќе си ја изолираме државата. Ќе го попушиме ние како што гледам… лулето на мирот“, констатирал близок соработник на Мицкоски.
Размислувајте си вие. Ете и затоа нема да бидете на средбата, потенцирал Мицкоски“, пишува Рибаро во АХА, Соработник на Мицкоски: Шефе, ќе го попушиме ние… „лулето на мирот“.
„Македонија и нивните подржувачи (политичари, професори, аналитичари, уредници), велат ќе сме се бугаризирале, ќе не стопирале на секој чекор на ЕУ интеграциите, а всушност сите здушно, сакале, не сакале, свесно, несвесно, одработуваат за службена Софија која едвај чека да запрат нашите интеграции, после децении и милијарди лева потрошени на асимилаторски кампањи, сега уплаф имаат Македонците да не им седнат на заедничката ЕУ маса зашто таму нема блефови со истории, прпа им е “македонизмот” да не им стапне на европското тло и таму да го доживеат историскиото фијаско со негирањето на нашиот одвајкада македонски идентитет, па вие, (паметњаковичи што спомнувате “кичми”, (патем на македонски е “рбет”, “грбник”), и сеете магли и стравови, всушност кукавици и лажни, умислени и набедени патриоти, погледнете подлабоко дали сте меѓу патриотите или меѓу предавниците, времето, ова време сегашно, го има одговорот“, пишува Зоран Иванов во колумната „Уценувачите на Македонија во една реченица“.
Д. Муратов












