• Latest
Carabinieri KFOR-MSU patrols in front of Ibar Bridge, in Mitrovica (Kosovo).

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ со предлог од девет точки за решавање на кризата на Косово; присуство на „Ноќни волци“ и „Вагнер“ на северот; „Српска листа“ со две барања

June 5, 2023
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ со предлог од девет точки за решавање на кризата на Косово; присуство на „Ноќни волци“ и „Вагнер“ на северот; „Српска листа“ со две барања

June 5, 2023 11:19
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Carabinieri KFOR-MSU patrols in front of Ibar Bridge, in Mitrovica (Kosovo).

Carabinieri KFOR-MSU patrols in front of Ibar Bridge, in Mitrovica (Kosovo).

Share on FacebookShare on Twitter

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави прирачник  со девет точки за постигнување нормализација, траен мир и стабилност во Косово. Во интервју за „The Geopost“, косовскиот премиер Курти посочи дека Ноќни волци и Вагнер биле на Балканот, додавајќи дека имаат информации дека во текот на месец декември биле и на северот на Косово.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха: ОБСЕ со предлог од девет точки за излез од кризата на северот

„Првиот човек на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Бујар Османи, објави прирачник  за излез од кризата во северно Косово.

Прирачникот содржи девет точки, за да се постигне, како што рече Османи, проширување и нормализација, траен мир и стабилност во  Косово.

Првата точка од овој водич е Косово и Србија да ја потврдат својата посветеност на спроведувањето на бриселските договори и на Охридскиот анекс. Во втората точка од водичот се предлага Косово да ги повлече специјалните полициски единици, а Србија да ја укине тревогата за борбена готовност. Во третата точка се предлага полицијата со помош на КФОР и ЕУЛЕКС да управува со безбедноста на теренот.“, пренесе косовскиот дневник Коха.

Бота Сот: „Присуство на „Ноќни волци“ и  Вагнер“, Курти вели  дека се истражува можното влијание врз нападите во мај

„Премиерот на Република Косово, Албин Курти, во интервју за „The Geopost“ зборува за последните случувања на северот и за информациите дека таму биле присутни и членови на групата Вагнер.

Тој вели дека Русија е заинтересирана за дестабилизација на Балканот и за ова ја користи Србија, и дека Путин е опседнат со Косово.

„Путин е опседнат со Косово и тоа има многу врска со 1999 година и интервенцијата на НАТО. Тој е крајно огорчен што Косово е пример за успешноста на интервенцијата на НАТО, за градење на демократска држава и економски развој, додека е многу среќен што западната интервенција во Авганистан и Ирак не беше толку успешна. И тука Косово прави голем контраст, па би сакал Косово да пропадне како Ирак и Авганистан. Меѓутоа, Косово е независна и сè помоќна суверена држава, која не се повлекува и не се потчинува на Србија како клиентски режим на Москва и Кремљ“, вели Курти.

Од друга страна, Курти нагласува дека групите Ноќни волци и Вагнер биле на Балканот, додавајќи дека имаат информации дека во текот на месец декември биле и на северот на Косово.“, пренесува Бота Сот.

Клан Косова: „Српска листа“ има два услови за учество на претстојните избори

„Српска листа“ , најголемата партија на Србите во Косово, во понеделникот соопшти дека ќе учествува на изборите, кои на крајот ќе се одржат за општините на север, кога ќе бидат исполнети два услови.

Од таму порачаа дека специјалните сили на косовската полиција треба да се повлечат од северот на Косово и да се формира Заедница на општини со српско мнозинство, пренесува Клан Косова.

„Српска листа“  ги бојкотираше изборите за градоначалници на општините на северот – Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ – и не ги признава ниту новите градоначалници Албанци, пренесе Клан Косова.

АЛБАНИЈА

Факс Веб: ЕК ја поздрави одлуката на Албанија за визниот режим за руските граѓани: Ги намалуваат нередовните пристигнувања во ЕУ

„Европската комисија ја поздрави одлуката на Албанија да не го обнови сезонското ослободување од виза за руските граѓани.

Според европската институција, овие одлуки се важни и „добредојдени чекори кон целта за намалување на нередовните пристигнувања во ЕУ“ долж  западнобалканската рута, иако остануваат значителни предизвици.“, пренесе Факс Веб.

КОЛУМНА

Коха: Секира за меѓународната заедница

„Придружувањето на албанските градоначалници на општините со српско мнозинство со специјална полиција резултираше со повреди на 25 или 30 војници на КФОР. Тоа резултираше и со палење на автомобили на медиум и нивно брутално рушење. За среќа, новинарите главно без физички последици ја поминаа неконтролираната омраза на оние кои се нарекуваат мирни, невини, беспомошни, окупирани итн итн.“, пишува авторката Флака Сурои во колумната „Секира за меѓународната заедница“, објавена во дневникот Коха.

Д. Тахири 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ