• Latest

Дерала: Граѓан(к)ите да не одговараат на говорот на омраза со говор на омраза

September 18, 2018

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Граѓан(к)ите да не одговараат на говорот на омраза со говор на омраза

September 18, 2018 14:34
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: ЦИВИЛ подолго време го набљудува процесот на референдумот, поврзан со прашањата со Грција, односно пристапувањето кон НАТО и ЕУ. Ние во текот на летото и од почетокот на септември, особено интензивно го набљудуваме теренот низ цела Македонија, посебен фокус ставаме на тоа како се подготвува референдумот, меѓутоа и на активностите на политичките партии и другите структури и граѓански иницијативи кои се залагаат за референдумот и за излезноста на референдумот, а секако и на активностите што се однесуваат на противењето против овој референдум и против спогодбата.

ЦИВИЛ веќе во голем број свои објави, наоди и текстови, колумни и анализи, говори за состојбите во земјата, но се работи и за едно класично набљудување на теренот каде во претстојниот период ќе излеземе со секојдневни извештаи од теренот.

Веќе објавивме дека во две сосема различни општини, наши долгорочни набљудувачи јавуваат за подготовка на една активност која ги таргетира посиромашните слоеви на населението и се работи за задржување на личните документи, со кои може да се гласа. Односно на 29 септември да им се одземат привремено и да им се вратат ден потоа со намера да ги спречат да гласаат. Според нашите најнови сознанија ова се одвива по пат на закани.

Сè уште не сме откриле случај во кој се нуди паричен надоместок односно поткуп, што исто така е кривично дело, туку уште се работи на закани, односно убедување на граѓанките и граѓаните од социјално загрозените семејства да ги предадат своите лични документи и така да бидат спречени да го исполнат своето фундаментално човеково право, правото на глас.

Тоа што, исто така, го забележуваме и за кое реагиравме во повеќе наврати, меѓу другото и до релевантни институции, меѓу кои и Министерството за внатрешни работи, е говорот на омраза и повиците на насилство.

Говорот на омраза претежно е насочен кон различните етнички заедници, меѓутоа и на политичка основа говорот на омраза е исполнет со страшни закани, што навистина го намалуваат достоинството на целиот процес и воопшто достоинството на граѓанките и граѓаните. Тој е и своевидна опасност затоа што може да доведе и до криминални акти, односно насилство од омраза.  Тоа е нешто што мора да го адресираме час поскоро и институциите многу сериозно да реагираат и да ги санкционираат ваквите изблици на омраза  и на опасност по целиот демократски поредок. Не се работи само за референдумот туку се работи воопшто за една крајно незаконска активност на одредени структури.

Забележуваме исто така дека зад тие структури без оглед на тоа колку се трудат да бидат затскриени зад  синтагмата граѓанска иницијатива, сепак, стојат политички партии. Знаеме  дека некои од нив и сосема отворено излегоа  во повиците за бојкот со насилни протести, но и со изразен говор на омраза, но и дел од политичките структури, како што е најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ, прикриено, на терен работат токму на бојкот.

Без оглед на јавните декларации оваа партија излегува на терен со директни и конкретни акции. За тоа веќе имаме извештаи од теренот, од повеќе општини низ Македонија и тоа мислам дека е тоа е причина повеќе за нас како организација да се ангажираме во уште побудно, посериозно и подлабоко набљудување на теренот. Но, истовремено да ги алармираме граѓанките и граѓаните дека нешто такво се случува и дека не би требало да бидат предмет на манипулации.

Тие треба да си го искористат своето право на глас, да гласаат онака како што мислат, против или за, и секако да имаат предвид еден јасен факт: ако апстинираат од гласањето, тогаш нема да учествуваат во една голема одлука. Едноставно, другите, оние што ќе одлучат да гласаат, тие ќе одлучуваат за судбината на земјата, а не тие, затоа што одлучиле да останат дома. Ова е многу јасна и мотивирачка причина што би требало да ги убеди да излезат и да потрошат 10/15 минути од своето време на 30 септември.

ЦИВИЛ апелира на гласање и искористување на правото на глас, меѓутоа во ниеден момент немаме намера да сугерираме како да гласаат граѓанките или граѓаните.

ЦИВИЛ го нотираше и настапот на премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во Крива Паланка и на неколку други места. Особено сметаме дека е за одбележување, моментот во кој се забележува сериозна политичка корупција, односно ветување награда, иако не е ветена директно, туку е раскажана како искуство во комуникација со бизнис заедницата, сепак сметаме дека тука има елементи се коруптивни и сметаме дека тоа е нешто што не треба да се прифати и е надвор од стандардите.

Ние и за време на локалните избори во 2017 година забележавме слични настапи и постапки. Откако ја алармиравме јавноста тие изгубија на интензитет. Така и сега  апелираме јавноста да донесе информиран избор, но сепак наградата, особено ако таа е финансиска не би смеела да биде дел од убедувањето, односно од кампањите на било која страна инволвирана во овој референдумски процес.

Уште еднаш ќе повторам граѓанките и граѓаните би требало да останат достоинствени и смирени и да не одговараат на говорот на омраза со говор на омраза.

Обработка на текст: Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Владо Крстевски


Видео-став на ЦИВИЛ е содржина што се објавува секојдневно и се однесува на актуелните општествени состојби.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ