Categories

РЕАКЦИЈА Дерала: Избирачките одбори мора да ги почитуваат медиумите

Врз основа на извештаите од набљудувачите, како и според сведоштвата на новинарските екипи, одделни избирачки одбори не им дозволувале пристап на новинарски екипи до избирачките места.

ЦИВИЛ остро реагира на попречувањето на работата на професионалните новинарски екипи и побара од Државната изборна комисија да упати повик до сите избирачки одбори да ја почитуваат работата на медиумите и да не ги попречуваат во нивната работа.

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email