• Latest

Дерала: ВМРО-ДПМНЕ не избира средства за да ја задржи власта во МРТВ

January 30, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: ВМРО-ДПМНЕ не избира средства за да ја задржи власта во МРТВ

January 30, 2021 08:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со многу отпори, политички обвинувања за заведување „цензура“ и реакции од новинарските здруженија, во собраниска процедура, и тоа по скратена постапка, влезе предлог за измени на   Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој ќе ѝ овозможи на власта да го смени раководството во јавниот радиодифузен сервис, „наследен“ од претходната власт.

Познавачите на состојбите во медиумите велат дека во моментов во националната телевизија се води битка во Програмскиот совет на МРТВ. Според Џабир Дерала од ЦИВИЛ, ВМРО-ДПМНЕ не избира средства за да ја задржи власта во МРТВ и работи со стратегија.

– Тргнаа да го менуваат директорот на МРТВ, иако доаѓа од редовите на партијата што има доминантно влијание во ова тело, за да постават уште попослушен, по нивниот вкус.  Програмскиот совет реши да распише конкурс за нов директор и заменик-директор на МРТВ. Целта беше да се казни сегашниот директор Марјан Цветковски поради недоволна партиска агилност, а воедно и да си обезбедат директор со мандат што ќе биде тешко да се прекине и со следниот состав на Програмскиот совет на МРТВ. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да си го симне својот директор е затоа што сакаат да го решат проблемот со дисциплината во своите редовите – вели Дерала за Слободен печат.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) во заедничко соопштение велат дека со загриженост го следат процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Факт е дека поради принципот на двотретинското мнозинство и несогласувањата помеѓу владејачката коалиција и опозицијата, овој процес досега беше закочен во Собранието на РСМ, но партиските разлики не треба да бидат искористени како изговор со кој би се нарушил ‘мерит-системот’ за избор на лицата во овие тела. Сепак,пред евентуално да се размислува за какви било промени во начинот на гласање, неопходно е Собранието да направи сериозен обид за избор на новите членови во советите преку постојните закони, за да им се даде можност на демократските процеси да ги надминат блокадите што беа видливи во минатиот парламентарен состав“ – се вели во заедничкото соопштение на новинарските здруженија.

Тие потсетуваат дека и самите се залагаа за начелото за избор со двотретинско мнозинство во 2013 година кога се носеа медиумските закони, а за истиот принцип се залагаа и експертите од Советот на Европа.

-Програмскиот совет на МРТВ е посебна приказна. Ликовите кои се во партиско-фамилијарни спреги со МВРО доминираат во составот на ова тело, својствено на сите останати инсталации на Груевски, имаат навика да ги толкуваат законите на свој начин. Така, со истечен мандат, во јануари 2020 година, „ладно“ си распишаа конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор. И сега, Програмскиот совет си прави конкурс за директор, иако со законските измени, мандатот им е продолжен на сите протагонисти на оваа ТВ сапуница, а не само на Грујовите „програмери“. Некој овде се прави наудрен или законите се како швајцарско сирење. Веројатно и обете, пишува Дерала во колумната Операција „Зароби  ја МРТВ“, објавена на ЦИВИЛ Медиа на 20 јануари .

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ