Наназад, со години може да кажеме дека се мачиме со нерегуларностите. Грешките се на системско ниво а тоа произлегува од едно „швајцарско сирење“ на изборниот законик, изјави во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ првиот човек на Цивил, Џабир Дерала, анализирајќи го вчерашниот изборен ден.
-На овие избори видовме дека скокна цената на гласот – од 2000 денари па нагоре. Поткупот е се уште очигледен кај социјално загрозените и ранливи семејства. Притисокот, социјален, политички па и правен е посилен врз овие лица. На ова нешто мора да поработиме во иднина, смета Дерала, кој додава дека забележливо е намалувањето на изборните нерегуларности споредено со претходните изборни циклуси.
-Земјата е влезена во процеси во која и ДУИ учествуваше. Зборувам пред се за евро-процесите. ЕУ интеграциите ќе му дадат простор на Заев да ја состави владата, а не Али Ахмети, рече Дерала.