• Latest

Дерала: Зелената агенда е скапа играчка и бара многу релевантност, стручност и посветеност

August 29, 2022
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала: Зелената агенда е скапа играчка и бара многу релевантност, стручност и посветеност

August 29, 2022 13:39
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред три децении не можам да кажам дека имаме добра ситуација. Зелените вредности немаат доволно и пристојно ниво на разбирање. За жал, зелените вредности, ниту се познаваат, ниту се прифаќаат, а уште помалку се практикуваат  од групи, односно индивидуи кои се повикани токму тоа да го прават. Гледаме дека има едно разочарувачки ниско ниво на дејствување и на зелените политички артикулации или партии во земјата кои прават сѐ освен да промовираат, практикуваат и да креираат политики кои се соодветни на зелените вредности“, изјави Џабир Дерала претседател на ЦИВИЛ, на панелот на ЗЕЛЕН Цивил на тема: „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“.

„И на глобално ниво зелената агенда и зелените вредности се под тешка закана, заради тоа што војната во Украина ги попречи плановите, предизвика и енергетска криза, има драматично поместување на трендовите“, вели Дерала.

„Скопје и земјата минаа низ еден урбанистички масакр во изминатите деценија и пол и повеќе. Сериозен удар врз тоа што подразбира урбанизам во една земја. Го живееме политичкиот атак врз урбанистичкиот изглед на град Скопје од времето на Груевски. Доволно е да споменам дека Скопје 2014 беше не само прескап проект, туку општествено и атак врз фундаментите на едно демократско општество и едно мултикултурно, ново и модерно општество. Тоа се чувствува и денеска.

Зелената агенда е скапа играчка и бара многу  релевантни, стручни и посветени луѓе да работат во неа и треба да инвестира и државата, бизнис секторот и сите останати сектори за да можеме да се приближиме кон идеалното спроведување на било која зелена агенда во духот на европската.

Секоја инвестиција во зелена агенда и урбанизмот се враќа, но на прво место мора да се има предвид дека зелените вредности и владеењето на правото се многу важни и ќе донесат многу повеќе профит за сите. Политичарите, односно луѓето што ги водат институциите, треба да знаат дека со малку повеќе труд, чесност, транспарентност да профитираат далеку повеќе и самите на лични нивоа, отколку да си занимаваат со корупција и криминал“, рече Дерала.

Дерала зборуваше и за инпактот на граѓанските здруженија кога станува збор за зелените политики.

„Граѓанските организации во последните 10 години можам да кажам дека беа двигател на позитивни промени, но и врз основа на други проекти кои ги работи ЦИВИЛ и врз основа на моето долгогодишно новинарско искуство можам да кажам поради тоа што граѓанскиот сектор е драгоцениот камен на нашето, ne само во Македонија туку и во други земји во Европа и пошироко се исто така и мета, односно простор каде радикални или помалку демократските структури се инфилтрираат и под превезот на одредени називи, односно мандати и стратегии кои ги нудат во општеството, тие впрочем работат на ширење на спротивни вредности на демократскиот развој и зелената агенда“, објасни Дерала.

„Ние се наоѓаме затекнати како цивилизација од жестокото темпо на климатските промени. Нам ни претстои еден период во кој ќе имаме назадување во тој поглед. Сметам дека сѐ повеќе технолошкиот напредок и комуникациските технологии ќе бидат злоупотребувани на сметка на човековите права и слободи и дека она што нам ни било комодитет до вчера, во блиска иднина може  да се случи за голем број на граѓанките и граѓаните и на нашата земја, меѓутоа и општо во светот да биде луксуз или недостижен сон. Заради тоа треба да се консолидираат прогресивните сили и да се разбере дека деструктивните пораки и идеи за никого не носат добро, освен за мал број луѓе кои профитираат од тоа и на крајот дури и самите се губитници“; порача претседателот на ЦИВИЛ.

Б. Jордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети


Зелените вредности и урбанизмот – инвестицијата во зелениот урбанизам предизвик за здраво и хумано живеење

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ