• Latest

Деркоски: Лицата со наполнети 18 години на денот на гласање ќе влезат во Избирачкиот список

February 24, 2020

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Деркоски: Лицата со наполнети 18 години на денот на гласање ќе влезат во Избирачкиот список

February 24, 2020 15:21
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија е спремна да ги спроведе измените во Изборниот законик кои се донесени на ден пред распуштање на Собранието, вели Оливер Деркоски, претседателот на ДИК, за ЦИВИЛ Медиа. Тој додава дека во текот на имплементирањето на новите измени очекува да се појават некои проблеми, но дека тие ќе се надминат.

„Освен една одредба од законот е применување на нови техники во гласањето, која е дадена како можност доколку ДИК во овој краток период до изборите ако успее да обезбеди технички услови за тоа, да го направи како пилот проект. Доколку не успее ДИК, останува за наредните избори да се имплементира целосно нова техника на гласање со технологија“, вели Деркоски.

Според членот 43 од Изборниот законик, МВР е должно да го достави Избирачкиот список до ДИК.

„Краток е периодот МВР да го исчисти Избирачкиот список, треба подолг период како што е периодот за Информатичко општество и администрација, така да биде и за МВР да имаат доволно време. МВР го достави списокот и новините се тоа што законот ги задолжува лицата и на денот на гласање кои имаат 18 години не мора да имаат важечки личен документ. Досега доставуваа список на граѓани коишто на денот на гласањето имаат наполнето 18 години и ги исполнуваат другите услови од законот, меѓутоа ако немаа важечки документ тие не се наоѓаат на списокот. Сега по сугестија и барање на ОДИХР се стави оваа одредба во Изборниот законик кадешто им се овозможува на поголема група на граѓани да им се овозможи да гласаат на денот на изборите, а од нивното право зависи и нивната обврска дали ќе биде исполнета, тоа значи дека државата ќе обезбеди да бидат на списокот, меѓутоа сега тие имаат обврска да си извадат личена карта, да бидат запишани додека трае јавниот увид и после тоа нашата Комисија ќе добие повторно список на лицата кои што се во постапка на вадење документи, за да може да следиме и интервенираме и преку наша кампања да ги повикаме тие лица да ги вметнеме во списокот, сè со цел да има што поголем број на гласачи. Во изминатите избори таа бројка изнесуваше околу 10-12 илјади гласови, кои токму поради овие причини не можеа да гласаат“, додава тој.

Деркоски нагласи дека на денот на гласање ќе може да се гласа како и до сега само со важечка лична карта или пасош, додавајќи дека и оваа година граѓаните ќе може да извадат лична карта на денот на гласање, меѓутоа тој апелира до сите граѓан(к)и да не чекаат последен ден да вадат лични документи, туку тоа да го направат претходно.

„Според информациите од МВР, нема проблем со обрасците за вадење на лични карти и секој може да отиде и да извади лична карта“, потенцира Деркоски.

Со новите измени на Изборниот законик им се овозможува на лицата кои живеат во старските домови низ цела држава да може да си го остварат правото на глас во самите старски домови.

„Министерството за труд и социјална политика има обврска да ни испрати список на старски домови и лицата кои живеат во нив, со цел да ги внесеме во евиденција за да може да ги извадиме од Избирачкиот список во посебни изводи на Избирачкиот список, оние лица кои ќе се пријават дека сакаат да гласаат таму“, изјави Деркоски

И на овие избори не успеа да се донесе закон за регулирање на кампањата бидејќи има простор помеѓу распишување на изборите и официјално започнување на кампањата кој е нерегулиран.

„Немате одреби каде што ќе може ДИК да реагира, единствено останува на оние кои мислат дека е прекршен законот да поднесат преставки до Антикорупциска комисија. Во иднина ќе треба овој меѓупериоден дел да се регулира строго законски за да ги ставиме во ред овие појави да не се повторуваат или злопупотребуваат. Од започнување на кампањата ДИК може да реагира, да носи одлуки, меѓутоа во овој момент сите умно и паметно се трудат да ги заобиколат законските одредби за да не може ни еден државен орган да реагира на начин како што би требало. Треба да се донесе законско решение што треба, а што не треба да се прави од денот на распишување на изборите, а не од денот на започнување на кампањата“, потенцира Деркоски.

Биљана Јордановска
Камера и обработка на текст: Дехран Муратов
Монтажа: Владимир Перчуклиевски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ