• Latest

Деркоски: Ни треба помош од дополнителен административен капацитет

November 7, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Деркоски: Ни треба помош од дополнителен административен капацитет

„Промената на изборниот модел секако дека носи одредени пореметувања во организација и спроведување на изборите и затоа има некои стандарди кои се пропишани од ОБСЕ и ОДИХР дека таквите промени на изборен модел не треба да се прават најмалку година дена пред избори и треба да се води сметка за тоа. Иако ние би можеле сепак да се прилагодиме на новонастаната ситуација, сепак ќе има одредени поместувања во смисла на организација и спроведување на изборите. Одлуката сепак останува на политичките фактори кои го носат практично теретот на организација и спроведување на избори и моделот на изборите“, додава Деркоски.

November 7, 2019 12:53
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, за претстојните предвремени парламентарни избори и за тоа дали оваа институција (ќе) има капацитет да ги спроведе истите.

Деркоски за тоа вели дека ДИК е орган кој треба да организира и спроведе избори и дека нивниот став во оваа ситуација не е толку важен, бидејќи, кога Парламентот ќе донесе одлука за распуштање на Собранието, тие имаат законски рокови за организација и спроведување на тие избори и ќе мораат да ги спроведат.

„Капацитетот на ДИК го покажавме во минатиот изборен циклус како за претседателските избори и за референдумот, со овој состав на комисија. Јас морам да напоменам дека ќе ни треба помош од дополнителен административен капацитет, затоа што во меѓувреме изгубивме повеќе од десетина вработени, некои се преместија, некои си заминаа или се пензионираа, на неколку места сме „ослабнати“ и ќе мора да ги надополниме тие позиции и места. Тоа е она што во моментов ни недостига, но, сметам дека сите се свесни дека мора тоа да го направиме и дека нема да имаме проблеми. Во меѓувреме, во изборните циклуси, ние ги подготвивме актите за систематизација на работните места на ДИК и сега сме во фаза на нивно усвојување и подготвени сме да го направиме она што треба да се подобри капацитетот на комисијата“, изјави Деркоски.

Во однос на напорите за формирање на една изборна единица, Деркоски вели дека ДИК не може да има став за тоа прашање, бидејќи тие ги спроведуваат изборите и дека нивниот став не е воопшто важен. Тој додава дека каква и да е одлуката на политичките фактори кои во Собранието на државата ќе донесат одлука, тие ќе мораат да ја почитуваат.

„Промената на изборниот модел секако дека носи одредени пореметувања во организација и спроведување на изборите и затоа има некои стандарди кои се пропишани од ОБСЕ и ОДИХР дека таквите промени на изборен модел не треба да се прават најмалку година дена пред избори и треба да се води сметка за тоа. Иако ние би можеле сепак да се прилагодиме на новонастаната ситуација, сепак ќе има одредени поместувања во смисла на организација и спроведување на изборите. Одлуката сепак останува на политичките фактори кои го носат практично теретот на организација и спроведување на избори и моделот на изборите“, додава Деркоски.

новинар: Дехран Муратов
обработка на текст: Ангела Петровска
камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ